Марк Билингем, одликуваниот војник на британската армија во пензија поминал 18 месеци како шеф на обезбедувањето на Анџелина Џоли и Бред Пит и нивните деца.
Тој за медиумите открива дека нивниот најголем страв им бил дека некој ќе им ги киднапира децата. Билингем вели дека Пит и Џоли имале толку многу доверба во него, што на децата им дозволувале да одат со него каде сакаат.
Овој искусен телохранител ги штител Расел Кроу, Шен Пен и Том Круз.
Тој тврди дека на Пит му требала поголема заштита отколку на Џоли.
– Луѓето нејзе ја сакаат, а него го мразат. Мора да најдете начин да се заштитите од сето тоа – вели телохранителот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Се премислија-Џоли и Пит сепак не се разведуваат?
-
Џоли до мајките од Сребреница: Криминалот не смее да се заборави!
-
Ѓуро објави фотографија со Анџелина Џоли на „Фејсбук“, а одмаздата на неговата сопруга на „Инстаграм“ беше фотографија со…
-
Платила 25 милиони долари: Погледнете го новиот дом на Анџелина Џоли (ФОТО)