| четврток, 6 декември 2018 |

Седум килограми марихуана фатени на Ќафасан

drofa kafasan romanci

Возило требало да го однесе до Софија, да го остави на определен паркинг и да се врати да си го земе за 4 часа, за кое време дрогата ќе била извадена од возилото, а парите за услугата ќе му биле оставени во касетата во возилото.

Вчера околу 19:30 часот, на граничниот премин Ќафасан, за влез во Република Македонија се пријавил автомобил Голф со бугарски регистарски таблички, управуван од романски државјанин со иницијали Г.М.Д. (37). На прашање на царинскиот службеник дали има нешто да пријави за царинење, лицето одговорило негативно, додавајќи дека патува за Романија.

Царинскиот службеник се посомневал во неговата изјава и одлучил да изврши детален преглед на патникот и возилото.

Притоа, во внатрешниот дел на возилото, во фабричките шуплини под страничниот тапацир кај задните седишта на двете страни, пронајдени се вкупно 8 пакетчиња – зелени најлонски кеси облепени со кафеава самолеплива лента, исполнети тревкаста материја, за која со тестирање за дрога е утврдено дека станува збор за марихуана, во вкупна количина од околу 7,39 килограми.

Сторителот и марихуаната беа предадени на царински инспектори од Одделението за истраги заради преземање на понатамошни предистражни дејстивија.

Од спроведената предистражна постапка утврдено е дека осомничениот, за надомест од 1000 евра, требало да ја прнесе марихуаната од Албанија до Софија.  Според изјавата на осмничениот, организатор на транспортот на дрогата е бугарски државјанин од кој осомничениот претходно го купил возилото и од кого добил детални насоки за транспортот.

Имено, откако се сместил во хотел во Тирана, осомничениот го оставил возилото и клучевите на паркингот пред хотелот. Утрото возилото му било повторно оставено на истото место на паркингот. Така подготвеното возило требало да го однесе до Софија, да го остави на определен паркинг и да се врати да си го земе за 4 часа, за кое време дрогата ќе била извадена од возилото, а парите за услугата ќе му биле оставени во касетата во возилото.

Против сторителот, Царинската управа поднесе кривична пријава за сторено кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, а сторителот е изведен пред надлежен истражен судија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top