| четврток, 6 декември 2018 |

Д-р Крстевска-Константинова: Се­кој сан­ти­ме­тар е ва­жен за здрав­је­то на де­те­то

Мо­рам по­втор­но да апе­ли­рам до ма­тич­ни­те ле­ка­ри – сан­ти­ме­три­те не се са­мо ви­со­чи­на, тоа не е коз­ме­тич­ки проб­лем, хор­мо­нот за растeње има мно­гу дејс­тва на ме­та­бо­лиз­мот ка­ко што се вли­ја­ние на цен­трал­ни­от нер­вен си­стем, кар­ди­о­ва­ску­лар­ни­от си­стем, исто та­ка го по­до­бру­ва ла­че­ње­то на ти­ро­ид­ни­те хор­мо­ни, ве­ли д-р Кр­стев­ска-Кон­стан­ти­но­ва

 

Ви­си­на­та на те­ло­то е по­ка­за­тел на це­ло­то здрав­је. За­тоа е мно­гу важ­но да се сле­ди рас­тот и раз­во­јот на де­ца­та. Де­ца­та има­ат кра­тко вре­ме да рас­тат, а цел жи­вот жи­ве­ат со ре­зул­та­ти­те. Нај­мал­ку два­па­ти го­диш­но тре­ба да се ме­рат де­ца­та и нив­на­та ви­си­на да се спо­ре­ди со кри­ва­та на рас­тот. Ова го со­ве­ту­ва до­цент д-р сци. Ма­ри­на Кр­стев­ска-Кон­стан­ти­но­ва, пе­ди­ја­тар ен­до­кри­но­лог од Уни­вер­зи­тет­ска­та кли­ни­ка за дет­ски бо­ле­сти во Скоп­је. Про­фе­сор­ка­та Кон­стан­ти­но­ва об­јас­ни де­ка по­сто­јат раз­ни зна­ци, кои мо­же да се пре­поз­на­ат да­ли не­кое де­те за­о­ста­ну­ва во рас­тот. На­ру­шу­ва­ње­то на рас­тот ус­пеш­но се ле­ку­ва ако се открие ра­но.

– Има ре­ше­ние ако на­вре­ме се по­ста­ви ди­јаг­но­за. Се по­стиг­ну­ва­ат од­лич­ни ре­зул­та­ти ако се поч­не со те­ра­пи­ја уште во ра­на фа­за, од­нос­но во ра­на во­зраст на де­те­то. Не смее да има па­у­за во те­ра­пи­ја­та, а не смее да има и про­ме­ни во хор­мо­нот за раст што го при­ма па­ци­ен­тот. Сан­ти­ме­три­те не се број­ки ту­ку збо­ру­ва­ат за здрав­је­то на де­те­то – ве­ли д-р Кр­стев­ска – Кон­стан­ти­но­ва.

Кои се зна­ци­те по кои мо­же да се пре­поз­нае да­ли не­кое де­те за­о­ста­ну­ва во рас­тот?

КРСТЕВСКА-КОНСТАНТИНОВА: Де­ца­та нај­че­сто се ра­ѓа­ат со во­о­би­ча­е­на те­лес­на те­жи­на. Две тре­ти­ни од де­ца­та што се ра­ѓа­ат со по­ма­ла ро­дил­на те­жи­на нор­мал­но го на­до­ме­сту­ва­ат сво­јот раст во те­кот на пр­ви­те три го­ди­ни. Но, ед­на тре­ти­на од де­ца­та за­о­ста­ну­ва и тие би тре­ба­ло ре­дов­но да се сле­дат, од­нос­но да се сле­ди нив­на­та ви­со­чи­на и, евен­ту­ал­но, ако за­о­ста­ну­ва на кри­ва­та на рас­тот, да се ис­пра­тат на на­ше­то од­де­ле­ние за на­та­мо­шен трет­ман.

Да­ли се ле­ку­ва на­ру­шу­ва­ње­то на рас­тот?

КРСТЕВСКА-КОНСТАНТИНОВА: На­ру­шу­ва­ње­то на рас­тот се ле­ку­ва во за­вис­ност од при­чи­на­та. По­сто­јат по­ве­ќе при­чи­ни. Кај жен­ски­те де­ца по­себ­но ин­си­сти­ра­ме ра­но да се открие би­деј­ќи мо­же да би­де хро­мо­зо­мо­па­ти­ја, зна­чи мо­же да ста­ну­ва збор за Тур­не­ров син­дром, кој се ка­ра­кте­ри­зи­ра со не­до­стиг во рас­тот и со не­ма­ње (отсус­тво) пу­бер­тет. Зна­чи не на­ста­ну­ва пу­бер­те­тот. Та­кви слу­чаи има и во Ма­ке­до­ни­ја и за­тоа ин­си­сти­ра­ме по­себ­но вни­ма­ние да им се по­све­ти на жен­ски­те де­ца и ако се открие, да се ис­пра­тат кај нас за сле­де­ње. Проб­ле­ми­те со рас­тот кај ма­шки­те де­ца по­ве­ќе се по­ја­ву­ва за вре­ме на пу­бер­те­тот за­тоа што има­ме кон­сти­ту­ци­о­нал­но за­о­ста­ну­ва­ње во рас­тот и во раз­во­јот и тие се по­ни­ски од де­вој­чи­ња­та, но по­тоа нај­че­сто до­би­ва­ме по­зи­тив­на фа­ми­ли­јар­на анам­не­за де­ка и та­тко­то или не­кој род­ни­на за­о­ста­ну­вал во рас­тот за вре­ме на пу­бер­те­тот та­ка што оче­ку­ва­ме тие де­ца по­доц­на да на­до­ме­стат со сво­јот раст. Ако има по­тре­ба ги ле­ку­ва­ме, ама не со хор­мон за раст, ту­ку со хор­мо­нот те­сто­сте­рон со кој пра­ви­ме ед­на ини­ци­ја­ци­ја, го „пот­тур­ну­ва­ме“ пу­бер­те­тот за де­те­то да поч­не да рас­те нор­мал­но и тоа во мно­гу слу­чаи до­бро функ­ци­о­ни­ра.

dr-marina-krstevska-03-custom

Кај жен­ски­те де­ца по­себ­но ин­си­сти­ра­ме ра­но да се открие би­деј­ќи мо­же да би­де хро­мо­зо­мо­па­ти­ја, зна­чи мо­же да ста­ну­ва збор за Тур­не­ров син­дром, кој се ка­ра­кте­ри­зи­ра со не­до­стиг во рас­тот и со не­ма­ње (отсус­тво) пу­бер­тет

Ве­ли­те де­ка сан­ти­ме­три­те не се број­ки, ту­ку збо­ру­ва­ат за здрав­је­то на де­те­то. Ко­га нај­ра­но мо­же да се открие де­ка не­кое де­те за­о­ста­ну­ва во рас­тот?

КРСТЕВСКА-КОНСТАНТИНОВА: Мно­гу е важ­но уште од ра­ѓа­ње де­ца­та да се сле­дат во те­жи­на и во дол­жи­на. Апе­ли­рам до ма­тич­ни­те пе­ди­ја­три и до ле­ка­ри­те од се­меј­на ме­ди­ци­на ре­дов­но да ги кон­тро­ли­ра­ат и ме­рат де­ца­та за ако по­стои проб­лем, по­ра­но да се открие. Си­те сту­дии по­ка­жу­ва­ат де­ка кол­ку што по­ра­но ќе се открие проб­ле­мот со рас­тот, ние по­ра­но го ди­јаг­но­сти­ци­ра­ме и по­ра­но мо­же да го ле­ку­ва­ме. Со по­ра­но­то ле­ку­ва­ње до­бив­ме мно­гу по­до­бри ре­зул­та­ти и тоа е до­ка­жа­но во пра­кти­ка­та. За жал, ние де­ца­та ги до­бив­ме по­доц­на. Ро­ди­те­ли­те мо­же да за­бе­ле­жат и да апе­ли­ра­ат де­ка де­ца­та им се нај­ни­ски во од­де­ле­ни­е­то, де­те­то ја­де пос­ла­бо, пос­ла­бо на­пре­ду­ва, ако но­си иста об­ле­ка не­кол­ку го­ди­ни и ако не се ме­ну­ва бро­јот на чев­ли­те че­сто, то­гаш тре­ба да би­дат за­гри­же­ни. Нај­до­бар по­ка­за­тел е ако де­те­то е има ви­си­на ка­ко де­ца­та што се по­ма­ли од не­го, ако ли­чи на по­ма­ло де­те откол­ку што има ви­стин­ска хро­но­ло­шка во­зраст.

Има ли офи­ци­јал­на број­ка на де­ца­та во Ма­ке­до­ни­ја што има­ат проб­ле­ми со рас­тот?

КРСТЕВСКА-КОНСТАНТИНОВА: Во Ма­ке­до­ни­ја не­ма ре­ги­стар за бро­јот на де­ца што има­ат проб­ле­ми со рас­тот. Не­кои сту­дии што сме ги пра­ве­ле во Ма­ке­до­ни­ја по­ка­жу­ва­ат де­ка, ге­не­рал­но, ка­ко др­жа­ва има­ме проб­лем со рас­тот на де­ца­та. На­ши­те сту­дии ве­лат де­ка зна­чи­те­лен број де­ца­та има­ат ни­зок раст.

До ко­ја во­зраст се зе­ма те­ра­пи­ја­та?

КРСТЕВСКА-КОНСТАНТИНОВА: Ние ги ле­ку­ва­ме де­ца­та со хор­мо­нот за раст до­де­ка рас­тат, а тоа е до 14-15 го­ди­ни. Таа те­ра­пи­ја трае по­дол­го, ако проб­ле­мот се открие на три или че­ти­ри го­ди­ни. Има кри­те­ри­у­ми – кол­ку сан­ти­ме­три го­диш­но тре­ба да по­рас­не за да ја про­дол­жи­ме те­ра­пи­ја­та. Исто та­ка, го гле­да­ме зре­е­ње­то на ко­ски­те пре­ку ренд­ге­но­гра­фи­ја на ле­ва­та длан­ка, ко­ја ни ка­жу­ва да­ли е пре­ки­нат рас­тот. Со тоа ре­ша­ва­ме да­ли да ја пре­ки­не­ме те­ра­пи­ја­та или не.

Кои се при­чи­ни­те за ни­зок раст?

КРСТЕВСКА-КОНСТАНТИНОВА: Има ин­ди­ка­ции за кои се ко­ри­сти хор­мо­нот за раст. Нај­че­сти ин­ди­ка­ции се Тур­не­ров син­дром кај жен­ски де­ца, по­тоа не­до­стиг од хор­мон за раст, хи­по­пи­ти­ту­и­та­ри­зам, по­тоа де­ца ро­де­ни со ма­ла те­жи­на за ге­ста­ци­ска во­зраст, хро­нич­на бу­бреж­на ин­су­фи­ци­ен­ци­ја. Има де­ца со иди­о­пат­ски ни­зок раст, кај нив не се знае при­чи­на­та за по­ја­ва­та на ни­зок раст. Во по­но­во вре­ме мно­гу ла­бо­ра­то­рии во све­тот ра­бо­тат на на­о­ѓа­ње на ге­ни­те што се од­го­вор­ни за ни­ски­от раст. Има­ме ла­бо­ра­то­рии што ра­бо­тат по еден ген за­тоа што е мно­гу ска­по ис­пи­ту­ва­ње­то на си­те ге­ни би­деј­ќи по­ве­ќе ге­ни се во пра­ша­ње, та­ка што мо­же да се открие де­ка ста­ну­ва збор за еден вид ге­нет­ско на­ру­шу­ва­ње. Има де­ца што се со фа­ми­ли­ја­рен ни­зок раст, та­ка што кај нив се оби­ду­ва­ме со ед­на про­ба, со хор­мон за раст да го по­до­бри­ме нив­ни­от раст, не тоа не е мно­гу ус­пеш­но. Тие ге­нет­ски се пре­до­дре­де­ни да би­дат ни­ски.

dr-marina-krstevska-01-custom

Има де­ца што се со фа­ми­ли­ја­рен ни­зок раст, та­ка што кај нив се оби­ду­ва­ме со ед­на про­ба, со хор­мон за раст да го по­до­бри­ме нив­ни­от раст, не тоа не е мно­гу ус­пеш­но

Има ли раз­ли­ки ме­ѓу рас­те­ње­то кај момчињата и кај девојчињата, по­себ­но во пу­бер­те­тот?

КРСТЕВСКА-КОНСТАНТИНОВА: Не по­сто­јат раз­ли­ки. Тие ко­га се на те­ра­пи­ја со хор­мон за раст, рас­тат исто, зна­чи рас­тат до­бро. Има и де­ца што не ре­а­ги­ра­ат мно­гу до­бро на те­ра­пи­ја­та и то­гаш мо­ра да ги иск­лу­чи­ме. Не­кои сту­дии по­ка­жаа де­ка до­за­та на хор­мо­нот за раст мо­же и да се зго­ле­ми за вре­ме на пу­бер­те­тот за­тоа што де­те­то за­бр­за­но рас­те и се из­дол­жу­ва. Овие де­ца жи­ве­ат нор­мал­но, со таа раз­ли­ка што се­којд­нев­но мо­ра да ја при­ма­ат те­ра­пи­ја­та. Тоа е мно­гу важ­но, би­деј­ќи се­кое про­пу­шта­ње на те­ра­пи­ја­та до­ве­ду­ва до по­мал­ку сан­ти­ме­три и до не­по­треб­но тро­ше­ње на ма­те­ри­јал­ни средс­тва. Ус­пеш­но­то да­ва­ње те­ра­пи­ја зна­чи и ус­пех во рас­тот. Мо­рам по­втор­но да апе­ли­рам до ма­тич­ни­те ле­ка­ри – сан­ти­ме­три­те не се са­мо ви­со­чи­на, де­ка тоа не е коз­ме­тич­ки проб­лем, хор­мо­нот за раст има мно­гу дејс­тва на ме­та­бо­лиз­мот ка­ко што се вли­ја­ние на цен­трал­ни­от нер­вен си­стем, кар­ди­о­ва­ску­лар­ни­от си­стем, исто та­ка го по­до­бру­ва ла­че­ње­то на ти­ро­ид­ни­те хор­мо­ни. Зна­чи, не се са­мо сан­ти­ме­три­те во пра­ша­ње, ту­ку ста­ну­ва збор за оп­шти­от ме­та­бо­ли­зам кај де­ца­та.

Раз­го­ва­ра­ше: Але­ксан­дра М. Бун­да­лев­ска

Фо­то: Але­ксан­дар Ива­нов­ски

(интервјуто е објавено во 215. број на Неделникот Република на 14. октомври)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top