Еден од клучните фактори за убава и негувана коса е правилната и здрава исхрана. Научно е докажано дека консумацијата на одредена количина на некои намирници, не само што овозможува поздрава и појака коса, туку го забрзува и нејзиниот раст.
Во продолжение ќе ви посочиме неколку такви, здрави намирници што може да ги применувате во вашата секојдневна исхрана, а што истовремено ќе придонесат и за поубав изглед и побрз раст на вашата коса.
Храна богата со биотин (витамин Б7)
Нашето тело произведува биотин во поголеми количини, но ако имате недостаток од овој витамин, тогаш би требало да консумирате храна која го содржи во својот состав како: јајца, бадеми и авокадо.
Протеини
Косата ја добива својата богата структура со помош на протеинот наречен кератин и неговиот недостаток предизвикува забавен раст на косата. Затоа, во вашата балансирана исхрана применувајте храна која вклучува пилешко, свинско или говедско месо или пак леќа или соја.
Намирници богати со железо
Недостатокот на железо е поврзан меѓу другото и со опаѓањето на косата. Затоа, практикувајте храна богата со железо, како што е на пример спанаќот.
Витамин А
Витаминот А е клучен за здрава кожа, но исто така и за побрз раст на косата. Неговиот недостаток може да доведе до сува и безживотна коса. Компир, рибино масло, тиква се само дел од намирниците што се богат извор на витамин А.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.