| четврток, 6 декември 2018 |

„Турандот“ вечер во МОБ

Вечерва, вторник, (18 октомври) со почеток во 20 часот, во реновираниот Салон на Македонската опера и балет, ќе биде изведена спектакуларната претстава „Турандот“ на Џакомо Пучини.

Годинава, на 25.03. „Турандот“ имаше нова премиера, со нова авторска екипа, нова режија, сценографија и костимографија и наиде на одличен одѕив , како кај публиката, исто така и кај критиката.

Во новата продукција на „Турандот“ во вторник ќе настапат: Весна Ѓиновска-Илкова, во насловната улога, во улогата на Калаф, кој ја интерпретира прославената арија NESSUN DORMA, ќе настапи Ѓорѓи Цуцковски, Лиу: Сандра Митровска, Тимур: Игор Дурловски, Пинг: Кристијан Антовски, Панг: Дарко Нешовски, Понг: Дејан Стоев, Мандарин: Славчо Димовски, Алтоум: Марјан Николовски, Принцот од Персија: Дарко Нешовски, Џелат: Тихомир Јакимовски.

Режисер, сценограф и костимограф е Џанкарло дел Монако од Италија, инаку син на прославениот тенор Марио дел Монако, а диригент, Бисера Чадловска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top