| четврток, 6 декември 2018 |

Талентирано и секси на четиринаесеттата скопска модна приказна

Претстојниот есенски Моден викенд Скопје чиишто ревијален дел ќе се одржува од 30 октомври до 1 ноември во „Скопје Мериот Хотел“ кој е официјална локација на сезоната, ќе донесе 12 нови колекции презентирани под мотото на четиринаесеттата сезона „Талентот е новото секси“ (Talent is the new sex).

Сезоната есен-зима 2016/2017 на 30 октомври, ќе ја отвори колекцијата „The Great Beauty“ на Јована Филиповиќ, по што ќе дебитира „Papaz“со колекцијата “Враќање на антихеројот” поддржани од Министерство за култура на Република Македонија”. Потоа публиката ќе ја види најновата колекција на уникатен накит на „Sigma Jewelry“. Крајот на првата вечер ќе го заокружи колекцијата на Филип Тренчовски наречена „Birds of Pray“.

Втората вечер ќе започне со ревијата на студентите кои се под менторство на дизајнерката Лидија Георгиева од „Институтот за дизајн и инжењеринг на текстил“ на Технолошко- металуршкиот факултет при УКИМ во Скопје. Ќе следуваат ревиите на Дејан Тодоровиќ со колекцијата “Look@me”, „Elize Paris“ и Олгица Ѓоргиева која ќе ја претстави колекцијата „Touch of my soul”.

Последната трета вечер публиката ќе ги види колекциите на курсистите по моден дизајн од Центарот„Кариера Плус“ : Радица Лазова, Оливер Атанасов,Ева Заева, Асмира Абази и Ивана Арсовска, под менторство на Ирина Тошева. Вечерта ќе продолжи со Марија Трајанова и нејзината колекција „ Million voices“, модниот перформанс на Ена Зафировска и нејзините креации под името „ Black Feedback“.

Четиринаесеттиот Моден викенд Скопје ќе се затвори со ревијата на Ирина Тошева.

unnamed-1

На насловната страница на новиот каталог за која „Fashion&Friends“ и Музејот на современата уметност во Скопје се појавуват како партнери на Моден викенд Скопје, се младите актери Стефан Вујисиќ, Наталија Теодосиева, Владимир Петровиќ и Билјана Јовановска.

– Беше предизвик и задоволство да се биде дел од проектот кој направи симбиоза меѓу талентот, модата и актерството. Нашата генерација актери е генерација на слободни, силни, млади луѓе и се надеваме дека нашите дела и во иднина најгласно ќе зборуваат – велат заштитните лица на Моден викенд Скопје 14.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top