| четврток, 6 декември 2018 |

Рударството влегува во нов инвестициски циклус

%d1%80%d1%83%d0%b4%d0%bd%d0%b8%d0%ba

Да се би­де ру­дар, по­втор­но ста­ну­ва прив­леч­на про­фе­си­ја, ко­ја со гор­дост се ра­бо­ти и ко­ја по­втор­но ќе поч­не да обез­бе­ду­ва ег­зи­стен­ци­ја на го­лем број се­мејс­тва во др­жа­ва­ва. Ма­ке­дон­ски­от ру­дар­ски се­ктор, ис­пра­вен пред пре­диз­ви­ци­те што ги но­си ид­ни­на­та, ши­ро­ко ги отво­ра вра­ти­те на по­до­бри­те де­но­ви. Ин­ве­сти­ци­и­те во овој се­ктор комп­лет­но ја ме­ну­ва­ат сли­ка­та за не­го­ви­от при­до­нес во про­из­водс­тво­то и вра­бо­те­но­ста, ка­ко и не­го­во­то учес­тво во по­ра­стот на ин­ду­стри­ја­та и на БДП. Ви­стин­ско за­жи­ву­ва­ње на ру­дар­ски­от се­ктор во Ма­ке­до­ни­ја се оче­ку­ва од на­ред­на­та го­ди­на со пу­шта­ње­то на руд­ни­ци­те за оло­во и цинк „Зле­то­во“ и „То­ра­ни­ца“, про­из­водс­тво­то на ба­кар во руд­ни­кот во Kазан Дол, ре­а­ли­за­ци­ја­та на нај­а­ви­те за из­град­ба на дру­ги руд­ни­ци, но и со ста­би­ли­зи­ра­ње­то на по­ли­тич­ка­та си­ту­а­ци­ја. Се­то ова би при­до­не­ло за по­зи­тив­ни разд­ви­жу­ва­ња во ру­дар­ски­от биз­нис, кој по­втор­но ќе ги кре­не на но­зе и об­ла­сти­те ка­де што се ло­ци­ра­ни овие руд­ни­ци. Се оче­ку­ва да се вра­бо­тат мно­гу лу­ѓе, а мо­же­би и да се вра­тат исе­ле­ни­те, кои по­ра­ди за­тва­ра­ње­то на руд­ни­ци­те до­се­га, сво­ја­та ег­зи­стен­ци­ја ја по­ба­раа во дру­ги зем­ји. Овој се­ктор од го­ди­на на го­ди­на ста­ну­ва сè по­ва­жен и за до­маш­на­та еко­но­ми­ја, осо­бе­но што Вла­да­та е по­све­те­на на до­де­лу­ва­ње кон­це­сии за це­лос­но иско­ри­сту­ва­ње на по­тен­ци­ја­ли­те со кои рас­по­ла­га. Тие се по­све­те­ни на прив­ле­ку­ва­ње но­ви ин­ве­сти­ции во ру­дарс­тво­то, би­деј­ќи тоа вли­јае на до­маш­на­та еко­но­ми­ја, се сти­му­ли­ра­ат про­из­водс­тво­то и из­во­зот, се отво­ра­ат но­ви ра­бот­ни ме­ста.

-Имаме вистински инвестициски циклус во македонското рударство. Имено, компанијата „Сардич MЦ“, по двегодишни истражувања почна со изградба на својот рударски комплекс во Казандол, Валандовско. Ова е првпат по 40 години во Македонија да се гради рудник. Инвестицијата е вредна 35 милиони евра. Инвеститорот е заинтересиран и за дополнтелни истражувања за два нови капацитети каде истражувањата се во тек и се со планови за инвестиции за експлатација на руда и за овие две концесии. Се рестартираше и рудникот за олово и цинк во Пробиштип, а следен е и рудникот Тораница. Се очекува согласно најавите да почне и градбата на Иловица, инвестиција од 500 милиони долари- најави претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Никога Груевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top