Сто и осумдесет ученици од Лисичане, Вранешница,Челопеци и Староеци петти ден ја бојкотираат наставата во централното основно училиште „Мирче Ацев“ во Лисичане, јави „Канал 5“.
Родителите и учениците особено од Лисичане не се задоволни од одлуките на локалните власти од Општина Пласница. Ова централно основно училиште според првата одлука треба да се трансформира во подрачно и со тоа да биде под централното основно училиште „Кемал Ататурк“ од Пласница, а според втората одлука директорот на училиштето во Лисичане да биде разрешен и на негово место да биде именуван привремен вршител на должноста.
Градоначалникот на општина Пласница, Исмаил Јајоски, за „Канал 5“ изјави дека бојкотот на наставата е неоснован. Според него, со новата територијална поделба и по припојувањето на Вранешница кон Кичево се губи оправданоста училиштето „Мирче Ацев“ во Лисичане да остане централно и поради тоа ќе биде трансформирано како подрачно, а по истекот на повеќегодишниот мандат на сегашниот директор поставен е привремен вршител на должноста.
В.д. директорот е од Пласница, велат локалните власти, но станува збор за наставничка која седум години предава турски наставен јазик во Лисичане.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Граѓани преку Фејсбук повикуваат на бојкотирање на наставата во училиштата поради загадениот воздух
-
Се испотепаа ученици во Македонија
-
Десетици ученици загинаа кога автобус се преврте од надојдените води
-
Досетлив ученик: Доколку добијам единица за ова драга наставничке се гледаме во Стразбур во Судот за човекови права!