Силен земјотрес со интензитет од 6,9 степени според Рихтеровата скала денеска е регистиран во близина на бреговите на Папуа Нова Гвинеја, соопшти Американскиот геофизички институт.
Засега нема информации за евентални жртви и предизвикани материјални штети, а не е прогласена ниту опасност од можна појава на цунами. Земјотресот се случил на длабочина од 35 километри под морското дно. Во јули 1998 година Папуа Нова Гвинеја ја погодија два земјотреси со интензитет од 7,0 степени според Рихтеровата скала, при што загинаа околу 2.100 лица.
Папуа Нова Гвинеја се наоѓа во т.н. Пацифички огнен прстен, кој се карактеризира со нагласена сеизмичка и вулканска активност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.