| четврток, 6 декември 2018 |

Необичен ритуал: Еднаш годишно ги откопуваат и шетаат покојниците

Припадниците на племето Тораја на индонезискиот остров Сулавеси на единствен начин им одаваат почит на починатите членови на семејството.

Во рамките на ритуалот „Ма неме“ секоја година во август, припадниците на етничката група Тораја ги отопуваат мртвите роднини, ги чистат и дотеруваат нивите тела, ги облекуваат во нова облека, а потоа ги шетаат низ градот и повторно ги погребуваат, пренесува „Франс 24“.

Покажувајќи љубов кон своите починати роднини и грижа за нивното тело, племето се надева дека ќе допринесе за благословенена и добра жетва следната година.

најголемиот број жители, дури 80% од нив се или протестанти или католици, но се наклонети на рутуали на анимизми и веруваат во она што нема човечки облик, како што се животни, растенија, па дури предмети и појави и за нив мислат дека имаат дух и душа.

Островот Сулавеси сеокја година го посетуваат илјадници туристи и антрополози кои сакаат да ги видат нивните необични ритуали.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top