Сакам да ве информирам дека почнуваме силно на терен, како никогаш досега. Ќе пробаме да допреме до секој еден граѓанин, до секое едно семејство за да ја пренесеме нашата порака, да ве погледнеме во очи и да ви кажеме кои се нашите планови и идеи како да го направиме вашиот живот подобар, како да ја направиме нашата татковина попросперитетна и подобро место за живеење. Ние ја имаме таа обврска и никој не може да ја сака нашата татковина повеќе од нас самите кои тука живееме, посочи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски од големиот партиски собир.
-Ние имаме план и програма со конкретни чекори, ја имаме најобемната програма досега фокусирана на нови работни места и многу нови инвестиции и проекти во повеќе области од земјоделие, млади, здравство, образование, социјала и пензиите, инфраструктурата. Ние почнуваме!
Многу работи се случија изминативе 2 години на перманентна криза и дестабилизација, обиди за разорување на државата, но ние заеднички со вас, како што викаат старите кроце по кроце, стигнавме до изборите кои сите ги посакувавме и кои ќе бидат крај на кризата. Затоа на овие избори ќе бараме најмасовна поддршка до сега. Затоа што мора да се испратат повеќе пораки до повеќе адреси. Вие сте столбот на нашата држава, кој остана цврст и покрај сите предизвици изминатиов период. Сетете се само низ што се поминавме. Време е за одговорот, за заедничкиот одговор – повика претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски од големиот партиски собир во Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Орбан: Немам време да дишам, а не пак да се сретнам со Груевски
-
Орбан: Сорос е впуштен во прогонот против Груевски, а тој е мој соработник!
-
Груевски: Добив сознание дека ми се подготвува ликвидација
-
Коалицијата „Сите за правично судење“ ја оспорува професионалноста на МВР за обезбедување на Груевски