Никола Груевски говорејќи на собирот на ВМРО-ДПМНЕ во делот за тоа што може да се очекува на политички план во наредниот период, предупреди дека ќе продолжат провокациите за да се фрли сенка на изборите.
-Во периодот до изборите од опозицијата и нивните структури и помагачи не може да очекуваме ништо поразлично од она што веќе го правеа. Хаотичност, деструкција, обиди за провокација кон нас преку најразлични механизми, на улица, СЈО. Но, силата им ја видовме. Тоа ќе биде веќе видено. Аргументи немаат, поддршка од народот немаат.
Ќе сторат се за да не испровоцираат, или да фрлат сенка врз изборите, или ќе се обидуваат да ги прогласат за неважечки или да не го признаат поразот, само за да се одржат во политички живот, затоа што на некои луѓе таму многу им зависи од тоа дали се на чело на таа партија или не се…
Но, тоа нема да им помине. Ќе ги издржиме уште малку. Се гледа крајот на агонијата. 11 декември е за 8 недели од денеска. Две години ги трпевме, на глава ни се качија, уште 8 недели ќе поминат, и ќе се соочат со реалноста и со волјата на народот во Македонија.
Исто така, во меѓувреме, во моментите кога нема да се занимаваат со деструкција, клевети, лаги, црна кампања, ќе се обидат и да ветат нешто. Лидерот нивни е познат по ветувања, го знаеме. Исто како што е познат и по лагите и по тоа дека денес едно кажува утре друго, знаеме колку му вреди зборот на тој човек…
Се сеќавате нели не го познаваше Верушевски на почетокот. Така тврдеше. Еве ги сега гушнати маршираат низ Скопје. Велеа Чаушот не бил нивни член, па се покажа дека исто како и Верушевски Заев со Чаушот се најдобри другари.
Велеа има фантомски гласачи. Лицитираа со бројки. Се им се сруши како кула од карти. Државната изборна комисија потврди дека по прочистувањето направено според методологијата којашто ја бараше опозицијата на Избирачкиот список, дека на тој ИС има запишани гласачи, практично исто колку што имаше во 2014 година кога имаше избори.
И така си маршираат си кажуваат мислејќи дека народот не памети и лесно може да се излаже.
Епа ќе видиме на 11 декември дали може да го излажат народот. На 11 декември народот ќе му го даде одговорот и ќе прати јасна кристално јасна порака, дека нема играње со нашиот народ, дека му е преку глава од сето ова што се случуваше и деструкцијата во која опозицијата не втурна и ќе одберат опција на која може да се ослонат и која знаат дека ќе работи и ќе создава дела, ќе решава проблеми и ќе ја води земјата напред- посочи Груевски од големиот собир на ВМРО-ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер