Во оваа криза имаше и некои други работи кои испливаа на површина; имаше многу луѓе кои велеа дека СДСМ долго не добил шанса да биде во власта и да видиме што ќе направи и како ќе се однесува. Од тој аспект видовме што двајцата министри, тројцата заменици, директорот на информативната програма на МТВ направија и како се однесуваа. Бараа 6 месеци, со одлагањата и другите играрии добија 9 месеци власт- анализираше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски од собирот во Скопје.
-СДСМ доби шанса да види народот како работат и што ќе направат кога би ја имале долгорочно власта. Дали некој во оваа држава виде некој корисен проект за народот од овие луѓе? Дали некој виде поспособни кадри од оние кои ние ги нудиме, или напротив три класи послаби и целосно безидејни. Видовме луѓе, кои со месеци беа фокусирани на тоа кој во каква кола ќе се вози, кој повеќе роднини ќе вработи, кој со колку повеќе партиски кадри ќе го наполни кабинетот, кои се далеку од професионални и стручни, видовме едни алчни за власт и за моќ луѓе и гарнитура, една безидејна екипа која го гледа исклучиво својот личен и партиски интерес, еден куп деструктивци и манипулатори, лажовци, луѓе кои денес зборат едно, утре сосема друго, го видовме лицето на СДСМ 10 години по нивниот пораз во 2006 г., и по нивното остранување од власта од страна на народот.
Тогаш ги казнија и отстранија затоа што беа такви. Сите што мислеа дека се промениле, дека извлекле поука од поразите и народните казни, на дело, корпус деликте, се уверија дека оваа партија која се нуди како алтернатива за водење на Македонија, не само што не напредувала, туку и дополнително уназадила- порача Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер