| четврток, 6 декември 2018 |

40.000 Македонци за силна Македонија наспроти 7000 марширачи на СДСМ за федерализација на државата (ГАЛЕРИЈА)

Околу 40.000 граѓани од цела Македонија излегоа на масовниот собир на ВМРО-ДПМНЕ, на кој им дадоа поддршка на државните политики, на реформите, субвенциите, напредокот на дравата, на евроинтеграциите, мирот и стабилноста на Македонија, а пред се ѝ одговорија на опозицијата дека нема да профатат двојачизност и федерализација на државата, која на 11 октомври одржа скапа платеничка парада, предводена од аболицираниот Зоран Заев и првообвинетиот во случајот „Пуч“, Зоран Верушевски. НИ автобусите и администрацијата од Струмица и Куманово не успеаја да го спасат од пропаст марот на срамот.

zaev-verusevski-marsh

-Вие сте столбот на нашата држава, кој остана цврст и покрај сите предизвици изминатиов период. Сетете се само низ што се поминавме… Време е за одговорот! За заедничкиот одговор! Ние почнуваме, им порача лидерот на ВМРО-ДПМЕ, Никола Груевски, на поддржувачите на државната политика, и ги повика да ја дадат својата поддршка за 63 пратеници, за сигурен Парламент, кој ќе обезбеди сигурна Влада и сигурна држава, како што повикаа и вчера на панел-дискусијата „Стоиме на располагање на народот” членовите на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

0-02-05-b3840081f12285401f2fd38fecbc9fd1827f2b85ea38580d62dce24def0b1705_full

Убедени сме дека кога сето ова ќе помине и кога со изборите ќе се испрати јасна порака до сите за тоа кои се прироритетите на нашите граѓани, тогаш со уште поголемо темпо ќе продолжиме кон она за што сме одбрани и кое граѓаните го очекуваат од нас, нови можности за сите во сите свери, нови работни места, поголеми плати, инвестиции и проекти, но ние ќе даваме како и досега само реални ветувања за тоа, а не од ракав исфрлени ветувања кои подоцна нема да се реализираат како што прави опозицијата не водејќи сметка за тежината на зборот кој го даваат пред вас, затоа што дадениот збор за нив нема вредност, нагласи претседателот на ВМРО- ДПМНЕ Никола Груевски на големиот партиски собир во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје.

vmro-miting-boris-trajkovski-2016-11-custom

-Овие избори ќе бидат и своевиден референдум, референдум против она што опозицијата го правеше, референдум за враќање на позитивните теми проекти и развој, кои се дел од секојдневните проблеми што ги тиштат луѓето. Референдум за Македонија каква што ја сакаме сите, а не Македонија каква што сакаат да ни ја скројат.

vmro-miting-boris-trajkovski-2016-8-custom

Ние во меѓувреме промовиравме низа на проекти кои ќе ги реализираме по победата на следните избори. Остана уште многу да промовираме. Гледам нашите противници се потсмеваат, но како и за многу други проекти за кој ширеа скептицизам и неверување откако се направија и реализираа, тие молчат.

По дводневната програма во Македонската опера и балет (МОБ), која се одржа вчера и завчера, денеска финишира тродневниот настан на ВМРО-ДПМНЕ во СЦ „Борис Трајковски“, од каде на граѓаните им се обрати лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

vmro-miting-boris-trajkovski-2016-1-custom

-Нашата цел е да бидеме секогаш подобри и да продолжиме да реализираме реални проекти и конкретни дела. Затоа ВМРО-ДПМНЕ порачува време е за крај на политичката криза. Време е за крај на деструкциите, конфликтноста, поигрувањето со чувствата на луѓето. Крај за штетите на угледот на државата. Без оглед на желбите и сценаријата на нашите опоненти, ние секогаш сме се одликувале со поразлична свест од нив, поразлично чувство на одговорност кај граѓаните и кон државата затоа што за нас секогаш интересите на Македонија биле и се пред сите други – рече Тодоров на најавата на Отчетниот викенд на ВМРО-ДПМЕ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top