| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: Се грижиме и за нови вработувања и за социјално загрозените

Македонија продолжи да гради успешна бизнис клима и беше рангирана минатата година во октомври на 6 место во Европа и 12-ти во светот според Дуинг Бизнис, и прва во светот според извештајот на ИБМ за новоотворени работни места по глава на жител како резултат на директни инвестиции, посочи од големиот партиски собир претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

14608132_10153719138556741_238102546_n

-Од друга страна продолживме со грижата за социјално загрозените. Во периодот на политичката криза обезбедивме зголемување на социјална помош во 2015 за 10% и во 2016 за 5%, а социјална помош од 2006 до денес е зголемена за цели 62%. Во период на криза продолжуваме со зголемувањето на пензиите. Минатата година тие се покачија за 5%, а исто толку ќе се покачат и оваа година со исплатата на ноемвриските пензии во декември. Од 2006 до денес во просек се зголемени за 70%- нагласи Груевски.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top