Академик Влада Урошевиќ и писателите Гоце Смилевски и Ненад Јолдевски двајцата добитници на наградата за литература на ЕУ, ќе учествуваат на презентацијата на македонската литература на претстојниот Саем на книга во Франкфурт.
Комесари на годинашнотото престатвување на најголемиот книжевен саем во Европа се издавачките куќи „Арс Ламина“, „Култура“ и „Три“ од Асоцијацијата на македонски издавачи со поддршка на Министерството за култура.
На македонскиот штанд на саемот во Франкфурт оваа година од 19т-ти до 23 октомври ќе бидат претставени над 500 вредни книги на повеќе од 100 македонски автори, монографии и публикации на повеќе издавачи и на повеќе институции од Република Македонија. Пред посетителите на саемот ќе бидат изложени и капиталните едиции „130 тома македонска книжевност“ преведена на англиски јазик како и „Антологискиот приказ на едицијата на македонска книжевност“ на германски јазик, во издание на НУБ Св. Климент Охридски, рече денеска на пресконференција министерката за култура Елизабета КанческаМилевска. Претставувањето ќе биде под мотото „Созвучја“, според наслов од песна на Шарл Бодлер. На 20ти и 21 октомври, претставници на македонските издавачки куќи ќе имаат средби со нивни партнерииздавачи од странство. На 21 октомври е предвиден Македонски ден на литературата за деца и ќе биде промовирана едицијата „Бајки од Македонија“, приказни кои се преточени во модерни сликовници, адаптирани на модерен јазик и прилагодени на децата од предучилишна возраст.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.