| четврток, 6 декември 2018 |

Голем собир на ВМРО-ДПМНЕ во СЦ „Борис Трајковски“

По дводневната програма во Македонската опера и балет (МОБ) која се одржа вчера и денеска тродневниот настан на ВМРО-ДПМНЕ ќе финишира утре во СЦ „Борис Трајковски“ каде свое обраќање ќе има лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, најави во петокот членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Тодоров.

-Нашата цел е да бидеме секогаш подобри и да продолжиме да реализираме реални проекти и конкретни дела. Затоа ВМРО-ДПМНЕ порачува: „Време е за крај на политичката криза. Време е за крај на деструкциите, конфликтноста, поигрувањето со чувствата на луѓето. Крај за штетите на угледот на државата“. Без оглед на желбите и сценаријата на нашите опоненти, ние секогаш сме се одликувале со поразлична свест од нив, поразлично чувство на одговорност кај граѓаните и кон државата затоа што за нас секогаш интересите на Македонија биле и се пред сите други – рече Тодоров.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top