Тешка сообраќајна несреќа се случила доцна попладнево на стариот пат Охрид- Струга во близина на новоизградената плажа на општина Дебарца.
Неофицијално, според очевидци, во судар на такси возило и моторцикл животот го загубило едно лице.
Од СВР Охрид ја потврдија информацијата, посочувајќи дека можеби во незгодата учествувале повеќе возила.
На местото на несреќата во тек е увид, а сообраќајот на овој патен правец е во прекин.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.