Шампионот во НБА лигата составот на Кливленд Кавалирс конечно го затвори прашањето околу иднината на Џеј Ар Смит,
Долго време двете страни не можеа да дојдат до договор, се појавија и други заинтересирани екипи за да на крајот сепак Кавси и Смит ги „испеглаат“ разликите и си подадат рака за четиригодишен договор вреден 57 милиони долари, пренесуваат американските медиуми.
Првите три години му се загарантирани и за истите ќе заработи 45 милиони долари, додека четвртата во која ќе има 35 години е опција.
Смит е многу важен играч во ротацијата на Кливленд, лани имаше просек од 12,4 поени, 2,8 скокови и 1,7 асистенции, а за негово останување беше и лидерот на овој тим, Леброн Џејмс.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.