Братот на дефанзивниот играч за врска Серџо Бускетс, еден од клучните фудбалери на Бареселона, од август оваа година работи како домар во комплексот на кубот. Аитор Бускетц е задолжен за одржување на хигиената во дел од стадионот „Камп Ноу“ како и за опремата на тимот на Барса во мал фудбал.
Иако е навообичаено да работи ваква професија во ситуација кога неговиот брат одамна е милионер и заработува околу 200 000 евра неделно, Аитор, кој е помлад брат на Серџо, се решил да работи 9 часа дневно за сркомна плата.
Како што изјавил тој, не сакал да се „гребе“ од богатството и славата на неговиот брат и се решил со сопствен труд да го заработи својот леб.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.