Анџелина Џоли и Бред Пит минатиот месец се разделија, а актерката поднела барање за развод во кое побарала и старателство над нивните шест деца.
Актерката му забранила на својот поранешен сопруг да ги гледа нивните деца, и од 19-ти септември откако ги поднела документите за развод на бракот, славниот холивудски актер не ги гледал неговите деца – се` до минатиот викенд.
Како што пренесува британски „Mirror”, актерот конечно минатиот викенд поминал некое време со своите деца, после речиси еден месец.
Наводно е постигнат договор помеѓу Џоли и Пит кои, за потсетување, беа во љубовна врска речиси 12 години.
Освен тоа, во медиумите одекна вест и дека ФБИ се откажува од понатамошна истрага која ја започнаа обвиненијата на Анџелина дека Бред неодамна физички го злоупотребувал синот Медокс во приватниот авион.
Се чини дека можеби, работите за Бред Пит полека почнуваат да се движат во добра насока.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Бред Пит глумеше син на Милена Дравиќ на почетокот на кариерата
-
Нов пораз за Анџелина: Шајло избега од дома за да го види Бред
-
Проговори докторката на Анџелина Џоли: Рак на дојка всушност почнува со исхраната, еве како да го спречите!
-
Состојбата и е загрижувачка – Анџелина Џоли примена е во болница!