Поранешниот папарацо Фабрицио Корона уште еднаш беше лишен од слобода и тоа благодарение на својата бивша сопруга, хрватската манекена Нина Мориќ.
Корона е уапсен поради затајување на данок, откако во домот на неговата соработничка се пронајдени 1,70 милиони евра за кои се верува дека се стекнати на нелегален начин.
Нина по овој повод се огласила на Фејсбук, не криејќи ја радоста поради тоа што Корона, со кого има 14 годишен син, е зад решетки.
– Чао Фабри, сега можеш да ги учиш ангелите како да затајуваат данок – напишала скандалозната хрватска манекенка.
Корона веќе беше под условна казна, а судијата го отфрлил барањето за пуштање на слобода со кауција, па зад решетки ќе остане сè до јануари, кога е закажано првото рочиште.
За тоа време, Нина ужива, нејзиното ново момче, Луиџи Марио Фаволосо гостувајќи во една емисија открил дека истрагата за затајувањето на данокот на Корона ја започнала токму Нина.
Инаку хрватската манекенка и италијанскиот папарацо фотограф ги врзуваат низа скандали. Се венчаа во 2001 година и оттогаш нејзината кариера тргна низбрдо. Кроона имаше бројни проблeми со законот, а поради уценувањето на познати личности со инкриминирачки фотографии заврши во затвор. Под истрага тогаш беше и самата Нина.
Со Нина во 2003. година го доби синот Карлос Марио, а официјално се разведоа во 2007. година. Набрзо се смирија и се шпекулираше дека пак планираат да се венчаат, за потоа италијанските медиуми да почнат да известуваат за нивните насилни кавги.
Кога и конечно ѝ ставија крај на романската, ја започнаа мачната борба за старателство. Во 2013. година Корано поради уцена беше осуден на пет години затвор. Се обиде да ја избегне казната така што побегна, но по четири дена се предаде на полицијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.