| четврток, 6 декември 2018 |

Пике откри како ја „ќарил“ Шакира

pike-i-sakira

Постојат голем број на клише фрази за додворување кои мажите неретко ги користат, но токму со таква фраза, Џерард Пике ја освоил Шакира. Голгетерот на Барселона и познатата поп-пејачка се заедно веќе шест години и имаат два сина, а нивната романса започнала пред почетокот на Светското фудбалско првенство во Јужна Африка.

„Ја запознав Шакира во Мадрид додека ние се подготвувавме за Светското првенство и потоа за време на снимањето на видеото за химната на Мундијалот. Пред да заминеме за ЈАР на рвенството и пишал неколку смотани пораки и ја прашав ’како е времето таму’ што е типично прашање за додворување. Очеквуав да ми врати со ’понеси јакна’, но таа започна детално да ми го опишува времето. Тогаш и пишав дека за да ја видам пак ќе мора да стигнеме во финалето бидејќи таа ја пееше химната на финалето“ – откри шпанскиот репрезентативец.

Шпанија стигна до финалето и ја освои светската титула, а Пике ја освои Шакира.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top