Две лица загинале во страшна сообраќајна несреќа што се случи утринава околу 4 часот на загрепската обиколница, кога ладилник со месо со романски регистарски таблички по ударот во надвозник буквално се преполовил.
Глетката што ги дочекала полицајците, лекарите од Брзата помош и пожарникарите ги стаписала сите. Од силината на ударот совозачот во товарното возило излетал, додека возачот останал заглавен во купот ламарина. Двајцата починале на самото место.
Во времето на несреќата видливоста била добра, па се претпоставува дека возачот, најверојатно, во еден момент заспал на воланот. Дали уште некои фактори како неприспособена брзина или алкохол во крвта придонеле за несреќата, ќе покаже полицискиот увид.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.