Вчера околу 20.30 часот во ПС Гостивар, А.Љ. (46) од Гостивар пријавил дека непознат сторител извршил тешка кражба во неговиот стан.
Сторителот со погоден предмет ја отворил влезната врата, влегол внатре и без претурање, од тоалетот, поточно од разводната табла во која биле поставени водоводни вентили, пронашол и одзел најлонска кеса во која имало помеѓу 15.000 и 16.000 евра и помеѓу 60.000 и 120.000 денари, по што го напуштил местото на настанот.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.