Четврда добра вест за шест дена. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ на Фејсбук ја споделивеста за новата инвестиција во земјоделскиот сектор за нови вработувања и изградба на откупно дистрибутен центар за земјоделски производи во јужниот дел на државата.
„Холандската компанија Инофрут одлучи да инвестира во Македонија, каде освен обработка на земјоделско земјиште и производство ќе се занимава со откуп и извоз на земјоделски производи. Ќе се вработат 130 луѓе, од кои поголемиот дел ќе бидат постојано ангажирани, а дел времено. Инвестицијата ќе се протега на 250 хектари државно земјиште и е од исклучително значење за Јужниот дел на Македонија, општините Дојран и Богданци.
Компанијата, преку јавна електронска аукција, го откупи имотот на некогашниот комбинат Агролозар од Богданци, со што уште еден пропаднат капацитет ќе биде ставен во функција.“, напиша Груевски на Фејсбук.
Тој информира дека станува збор за инвестиција на компанија со искуство во земјодеслкото производство како и во откуп и дистрибуција на земјоделски производи.
„Компанијата е дел од Олимпик фуд груп, која поседува најсовремен логистички центар за испорака на овошје и зеленчук за пазарите во Европа и Азија. Нивниот план е многу брзо да започнат со подигање на насади со најсовремени високорпиносни сорти на цреши и трпезно грозје, како и изградба на современ дистрибутивен центар за откуп на земјоделски производи во Дојран кои ќе се извезуваат надвор од државата.“
Груевски е задоволен што оваа инвестиција ќе биде од огромна помош за македонските земјоделци и што по разговорите за инвестирање кои траеле подолго време, со посебен ангажман на Ванчо Костадиновски, Македонија е избрана за финална дестинација за инвестирање во конкуренција од повеќе земји од регионот.
„Ова е четврта инвестиција за 6 дена. Продолжуваме да се бориме за секое работно место, за секоја нова инвестиција која ќе значи подобар стандард за граѓаните. Нека е среќно!“, завршува Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Орбан: Немам време да дишам, а не пак да се сретнам со Груевски
-
Орбан: Сорос е впуштен во прогонот против Груевски, а тој е мој соработник!
-
Груевски: Добив сознание дека ми се подготвува ликвидација
-
Коалицијата „Сите за правично судење“ ја оспорува професионалноста на МВР за обезбедување на Груевски