| четврток, 6 декември 2018 |

Гошева: Никакви закани и притисоци нема да успеат кај судиите

elena-goseva-ustaven-sud-int215-5

Ве­ру­вам и во мо­рал­ни­от и во про­фе­си­о­нал­ни­от ка­па­ци­тет на си­те су­дии во Устав­ни­от суд. Сме­там де­ка се­кој што се на­фа­тил да ја вр­ши функ­ци­ја­та на уста­вен су­ди­ја, имал пред­вид де­ка тоа е од­го­вор­на функ­ци­ја и де­ка пра­ша­ња­та што ги разг­ле­ду­ва и од­лу­чу­ва се по­сто­ја­но во не­го­ви­те мис­ли, а тоа со си­гур­ност го твр­дам би­деј­ќи кон­та­кти­ра­ме и раз­го­ва­ра­ме ме­ѓу­себ­но, вели претседателката на Уставен суд Елена Гошева во интервју за неделникот Република.

На прашањето дали таа и нејзините колеги можат да ги издржат притисоците и да носат соодветни одлуки согласно Уставот и законите, Гошева вели:

-Ни­ка­кви за­ка­ни и при­ти­со­ци не­ма да ус­пе­ат кај су­ди­и­те, да по­пу­шта­ат и да го за­гу­бат ком­па­сот на про­фе­си­о­нал­но­то и струч­но ра­бо­те­ње, тоа Ви го твр­дам. Устав­ни­от суд стои на здра­ви ос­но­ви.

Тригодишниот мандат на Гошева истекува на крајот на месецот, а нејзиниот наследник на функцијата претседател на Уставен суд се уште не е познат. Сепак, таа е убедена дека кој и да биде, ќе продолжи да раководи со Судот најпрофесионално и никако поинаку.

-Но­ви­от пре­тсе­да­тел на Устав­ни­от суд ќе про­дол­жи да ра­ко­во­ди со Су­дот нај­про­фе­си­о­нал­но за­тоа што ра­ко­во­де­ње­то и не мо­же да се за­мис­ли по­и­на­ку. Бит­но е што тој, се­ка­ко, ќе ја има под­др­шка­та од нај­го­ле­ми­от дел од ка­да­рот во Су­дот, и нај­важ­но е да го по­вр­зе кон­ти­ну­и­те­тот на ра­бо­те­ње со но­ви­от ге­не­ра­лен се­кре­тар, кој е мно­гу важ­на фи­гу­ра во опе­ра­тив­но­то, струч­но­то и во функ­ци­о­нал­но­то ра­бо­те­ње на Су­дот. На но­ви­от пре­тсе­да­тел би му по­са­ка­ла ус­пеш­на ра­бо­та и не се сом­не­вам де­ка Су­дот ќе про­дол­жи со сво­е­то ус­пеш­но ра­бо­те­ње и во ид­ни­на. Не по­сто­јат пра­ша­ња и пре­диз­ви­ци што се не­реш­ли­ви, са­мо да го оста­ват Су­дот над­вор од по­ли­ти­ка­та и од при­ти­со­ци­те, тоа е мо­ја­та по­ра­ка, вели Гошева.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top