Научниците со децении безуспешно се обидуваат да најдат релевантни докази дека витамините и додатоците во исхраната значително придонесуваат за здравјето на човекот. Најновото истражување покажа деа некои витамини може да бидат и штетни.
Големото истражување кое вчера беше објавено покажува дека навиката за голтање витамини во САД не се сменило во последните 10 години и покрај новите сознанија.
Кои витамини и суплементи треба да се пијат, а кои да се избегнуваат?
Мултивитамини
– Прескокенте ги, се што ви е потребно ќе го добиете со урамнотежена исхра.
Витамин Д
– Земајте го, ги јакне коските и го нема во многу намирници. Некои нови истражувања покажале дека луѓе кои земале витамин Д во просек живеат подолго од оние кои не пиеле витамин Д.
Антиоксиданси
– Прескокнете ги. Претераното конзумирање може да предизвика одреден вид на канцер.
Витамин Ц
– Прескокнете го. Нема да ви помогне да ја излечите настинката. Затоа подобро јадете цитрусни плодови.
Витамин Б3
– Прескокнете го. Подобро јадете туна, цвекло и лосос.
Пробиотици
– Прескокнете ги. Науката уште не напредувала доволно за да покаже дека тие значително влијаат на здравјето. Подобро јадете кисело млеко.
Цинк
– Слободно пијте витамин Ц. Тоа е еден од ретките состојки кои можат да ја скратат настинката.
Витамин Е
– Слободно прескокнете го. Претерано пиење го зголемува ризикот од појава на рак. Подобро јадење спанаќ.
Фолна киселина
– Земајте ја слободно ако сте бремена или ако сакате да забремените.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.