| четврток, 6 декември 2018 |

Конечна и комплетна вистина за витамините: Кои да ги пиете, кои треба да ги скокнете

Научниците со децении безуспешно се обидуваат да најдат релевантни докази дека витамините и додатоците во исхраната значително придонесуваат за здравјето на човекот. Најновото истражување покажа деа некои витамини може да бидат и штетни.

Големото истражување кое вчера беше објавено покажува дека навиката за голтање витамини во САД не се сменило во последните 10 години и покрај новите сознанија.

Кои витамини и суплементи треба да се пијат, а кои да се избегнуваат?

Мултивитамини

– Прескокенте ги, се што ви е потребно ќе го добиете со урамнотежена исхра.

Витамин Д

– Земајте го, ги јакне коските и го нема во многу намирници. Некои нови истражувања покажале дека луѓе кои земале витамин Д во просек живеат подолго од оние кои не пиеле витамин Д.

Антиоксиданси

– Прескокнете ги. Претераното конзумирање може да предизвика одреден вид на канцер.

Витамин Ц

– Прескокнете го. Нема да ви помогне да ја излечите настинката. Затоа подобро јадете цитрусни плодови.

Витамин Б3

– Прескокнете го. Подобро јадете туна, цвекло и лосос.

Пробиотици

– Прескокнете ги. Науката уште не напредувала доволно за да покаже дека тие значително влијаат на здравјето. Подобро јадете кисело млеко.

Цинк

– Слободно пијте витамин Ц. Тоа е еден од ретките состојки кои можат да ја скратат настинката.

Витамин Е

– Слободно прескокнете го. Претерано пиење го зголемува ризикот од појава на рак. Подобро јадење спанаќ.

Фолна киселина

– Земајте ја слободно ако сте бремена или ако сакате да забремените.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top