| четврток, 6 декември 2018 |

Гошева: Не може улицата да испорачува одлуки на Уставен суд

elena-goseva-ustaven-sud-int215-3

Идеј­но­то и по­ли­тич­ко­то са­мо­про­мо­ви­ра­ње на одре­де­ни лич­но­сти на ште­та на ин­сти­ту­ци­о­нал­ни­от ин­те­гри­тет на Су­дот е на­чин, и ни­што дру­го, тие ин­ди­ви­ду­ал­ци да дој­дат до израз де­ка има­ат ква­ли­те­ти мно­гу по­ви­со­ки од се­гаш­ни­от „не­ком­пе­тен­тен“ ста­тус на Устав­ни­от суд, нас­про­ти ствар­но­ста де­ка со мар­ке­тин­гот за се­бе са­ка­ат да го свр­тат вни­ма­ни­е­то на јав­но­ста со ме­тод на ома­ло­ва­жу­ва­ње на Су­дот, вели претседателката на Уставниот суд Елена Гошева во интервју за новиот број на неделникот Република.

На прашањето како ги коментира силните притисоци врз неа и останатите судии во судот од та­ка­на­ре­че­ни­те „ша­ре­ни ре­во­лу­ци­о­не­ри“, но и од целата опозиција за да до­не­се­те од­лу­ки по жел­ба на ед­на или дру­га по­ли­тич­ка оп­ци­ја, Гошева вели:

– Точ­но е де­ка во те­кот на овие не­кол­ку го­ди­ни во рам­ки­те на та­ка­на­ре­че­на­та „Ша­ре­на ре­во­лу­ци­ја“ има­ше сил­ни јав­ни при­ти­со­ци упа­те­ни кон Су­дот, по­точ­но кон су­ди­и­те што сво­јот ман­дат го има­ат до­би­е­но во пос­лед­ни­те 4-5 го­ди­ни со из­бор од Со­бра­ни­е­то чи­е­што мно­зинс­тво е од акту­ел­на­та власт, па от­ту­ка авто­мат­ски тие беа не­га­тив­но обе­ле­жа­ни. Но, тоа е по­ли­ти­ка, чи­сто по­ли­тич­ко оп­сер­ви­ра­ње. Про­из­ле­гу­ва де­ка но­си­те­ли­те на про­те­сти­те и одре­де­ни по­ли­ти­ча­ри или при­пад­ни­ци на по­ли­тич­ки пар­тии ра­бо­тат на не­ги­ра­ње и от­стра­ну­ва­ње на сѐ што не ѝ по­ма­га на „Ша­ре­на­та ре­во­лу­ци­ја“, но Устав­ни­от суд не мо­же да има ка­дар на су­дии и да од­лу­чу­ва ка­ко што са­ка­ат тие „ре­во­лу­ци­о­не­ри“. Нив­ни­те жел­би не се одраз на де­мо­крат­ско­то сфа­ќа­ње на оп­штес­тве­но–по­ли­тич­ки­от жи­вот во др­жа­ва­та, ту­ку се одраз на по­ли­тич­ки стра­сти за ос­тва­ру­ва­ње на не­кои нив­ни ин­те­ре­си. Од Устав­ни­от суд не мо­жат да оче­ку­ва­ат да ра­бо­ти по чи­ја би­ло по­рач­ка, ни­ту по нив­на, ни­ту Су­дот ќе до­не­су­ва од­лу­ки ка­кви што тие по­ра­чу­ва­ат на сво­и­те про­те­сти, ме­ди­у­ми, ба­ра­ња до Су­дот итн. До­кол­ку е обрат­но, тоа би бил ин­сти­ту­ци­о­на­лен пад на Су­дот и го­лем удар на ед­на мла­да де­мо­крат­ска др­жа­ва. Мо­рам да истак­нам де­ка во те­кот на мо­јот ман­дат ка­ко пре­тсе­да­тел­ка на Су­дот се со­о­чив со иск­лу­чи­тел­но те­жок пер­и­од на ра­бо­те­ње, но не доз­во­лив Су­дот да се на­ру­ши струч­но, ор­га­ни­за­ци­ски и функ­ци­о­нал­но, без ог­лед што мис­лат не­кои дру­ги, а им по­ра­чу­вам де­ка мо­же­би тоа не­кој и го по­са­ку­ва­ше, но не го до­жи­веа, ни­ту ќе се доз­во­ли тоа во ид­ни­на би­деј­ќи Су­дот тре­ба да го оста­ват над­вор од по­ли­ти­ка­та. При­ти­со­ци­те кон ме­не лич­но, а и кон дел од су­ди­и­те, беа раз­лич­ни, по­не­ко­гаш со отво­ре­но ома­ло­ва­жу­ва­ње, по­не­ко­гаш со лич­ни и се­меј­ни на­вре­ди, но тоа е по­ли­тич­ки фолк­лор со кој осо­бе­но се за­ни­ма­ва­ат акте­ри­те кои во тие рам­ки има­ат мар­ке­тин­шки ин­те­рес­ни це­ли со по­ли­тич­ка ос­но­ва, а Устав­ни­от суд им бил во про­гра­ма­та на оп­фа­тот за на­па­ѓа­ње, ни­што дру­го.
Во ед­на при­го­да ве­ќе ука­жав де­ка идеј­но­то и по­ли­тич­ко­то са­мо­про­мо­ви­ра­ње на одре­де­ни лич­но­сти на ште­та на ин­сти­ту­ци­о­нал­ни­от ин­те­гри­тет на Су­дот е на­чин, и ни­што дру­го, тие ин­ди­ви­ду­ал­ци да дој­дат до израз де­ка има­ат ква­ли­те­ти мно­гу по­ви­со­ки од се­гаш­ни­от „не­ком­пе­тен­тен“ ста­тус на Устав­ни­от суд, нас­про­ти ствар­но­ста де­ка со мар­ке­тин­гот за се­бе са­ка­ат да го свр­тат вни­ма­ни­е­то на јав­но­ста со ме­тод на ома­ло­ва­жу­ва­ње на Су­дот. Ме­ѓу­тоа, јас ка­ко пре­тсе­да­тел­ка со мо­јот тим за ра­бо­та цвр­сто го др­жев кон­ти­ну­и­те­тот на по­ве­ќе­де­це­ни­ско­то кор­ми­ло на за­шти­та на устав­но­ста и за­ко­ни­то­ста, а пра­ша­ње­то е ка­де тие по­е­дин­ци го за­гу­би­ле сво­јот ком­пас, па им тре­ба не­кој друг да го не­ги­ра­ат за се­бе да се из­диг­нат и ка­де е нив­ни­от ори­ги­на­лен ква­ли­тет. Зо­што Су­дот им е ар­гу­мент за да би­дат ви­де­ни и чу­е­ни и да се истак­нат? Зо­што не го сто­рат тоа без не­го, во сфе­ра­та на про­фе­си­ја­та, ем­пи­ри­ја­та и де­ла­та? Јас, во рам­ки­те на ова мое раз­мис­лу­ва­ње, зак­лу­чив де­ка тие, очиг­лед­но, го не­ма­ат по­треб­ни­от ка­па­ци­тет, објаснува Гошева.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top