Идејното и политичкото самопромовирање на одредени личности на штета на институционалниот интегритет на Судот е начин, и ништо друго, тие индивидуалци да дојдат до израз дека имаат квалитети многу повисоки од сегашниот „некомпетентен“ статус на Уставниот суд, наспроти стварноста дека со маркетингот за себе сакаат да го свртат вниманието на јавноста со метод на омаловажување на Судот, вели претседателката на Уставниот суд Елена Гошева во интервју за новиот број на неделникот Република.
На прашањето како ги коментира силните притисоци врз неа и останатите судии во судот од таканаречените „шарени револуционери“, но и од целата опозиција за да донесете одлуки по желба на една или друга политичка опција, Гошева вели:
– Точно е дека во текот на овие неколку години во рамките на таканаречената „Шарена револуција“ имаше силни јавни притисоци упатени кон Судот, поточно кон судиите што својот мандат го имаат добиено во последните 4-5 години со избор од Собранието чиешто мнозинство е од актуелната власт, па оттука автоматски тие беа негативно обележани. Но, тоа е политика, чисто политичко опсервирање. Произлегува дека носителите на протестите и одредени политичари или припадници на политички партии работат на негирање и отстранување на сѐ што не ѝ помага на „Шарената револуција“, но Уставниот суд не може да има кадар на судии и да одлучува како што сакаат тие „револуционери“. Нивните желби не се одраз на демократското сфаќање на општествено–политичкиот живот во државата, туку се одраз на политички страсти за остварување на некои нивни интереси. Од Уставниот суд не можат да очекуваат да работи по чија било порачка, ниту по нивна, ниту Судот ќе донесува одлуки какви што тие порачуваат на своите протести, медиуми, барања до Судот итн. Доколку е обратно, тоа би бил институционален пад на Судот и голем удар на една млада демократска држава. Морам да истакнам дека во текот на мојот мандат како претседателка на Судот се соочив со исклучително тежок период на работење, но не дозволив Судот да се наруши стручно, организациски и функционално, без оглед што мислат некои други, а им порачувам дека можеби тоа некој и го посакуваше, но не го доживеа, ниту ќе се дозволи тоа во иднина бидејќи Судот треба да го остават надвор од политиката. Притисоците кон мене лично, а и кон дел од судиите, беа различни, понекогаш со отворено омаловажување, понекогаш со лични и семејни навреди, но тоа е политички фолклор со кој особено се занимаваат актерите кои во тие рамки имаат маркетиншки интересни цели со политичка основа, а Уставниот суд им бил во програмата на опфатот за напаѓање, ништо друго.
Во една пригода веќе укажав дека идејното и политичкото самопромовирање на одредени личности на штета на институционалниот интегритет на Судот е начин, и ништо друго, тие индивидуалци да дојдат до израз дека имаат квалитети многу повисоки од сегашниот „некомпетентен“ статус на Уставниот суд, наспроти стварноста дека со маркетингот за себе сакаат да го свртат вниманието на јавноста со метод на омаловажување на Судот. Меѓутоа, јас како претседателка со мојот тим за работа цврсто го држев континуитетот на повеќедецениското кормило на заштита на уставноста и законитоста, а прашањето е каде тие поединци го загубиле својот компас, па им треба некој друг да го негираат за себе да се издигнат и каде е нивниот оригинален квалитет. Зошто Судот им е аргумент за да бидат видени и чуени и да се истакнат? Зошто не го сторат тоа без него, во сферата на професијата, емпиријата и делата? Јас, во рамките на ова мое размислување, заклучив дека тие, очигледно, го немаат потребниот капацитет, објаснува Гошева.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст