| четврток, 6 декември 2018 |

Mаршот на пучистите

Со де­це­нии ѝ го пра­ват тоа на др­жа­ва­та, а се­га го зло­у­по­тре­би­ја и на­род­но­то во­ста­ние од НОБ. Нор­мал­но, дек­ла­ри­ра­ни­те нас­лед­ни­ци на Ко­му­ни­стич­ка­та пар­ти­ја, освен се­ди­ште­то на пар­ти­ја­та, во нас­ледс­тво до­би­ја и ло­ша на­ви­ка, ко­ја ед­на де­це­ни­ја е са­мо жел­ба за вла­де­е­ње. Се­га со Со­рос го ос­квер­на­ви­ја и 11 Oктом­ври, но за­луд­но. По пра­ви­ло, и та­ка вле­ту­ва­ат од ед­на во дру­га ло­ша про­це­на, чин што ста­на пар­ти­ска на­ви­ка и кла­си­ка. Гр­да за­вис­ност, не­што слич­но ка­ко бе­га­ње­то од из­бо­ри. Та­ка, ме­сто си­ла, СДСМ по­втор­но јав­но де­мон­стри­ра­ше ред сла­бо­сти. Ора­тор­ски, актер­ски, кван­ти­та­тив­ни, ан­ти­на­ци­о­нал­ни, ор­га­ни­за­ци­ски, пу­чи­стич­ки итн...

Про­те­стот што точ­но два ме­се­ца пред из­бо­ри­те тре­ба­ше да има уло­га на ве­тер во едра за пар­ти­ја­та, за­вр­ши па­те­тич­но. Тра­е­ше бед­ни два и пол ча­са, од кои по­ло­ви­на вре­ме одеа од СЈО до пар­ла­мен­тот, кој, со­се­ма слу­чај­но, и тие и Ка­ти­ца не го приз­на­ва­ат. Бро­јот, пак, бе­ше при­ме­рен за ко­а­ли­ци­ски­от парт­нер од „дес­ни­ца­та“, ДС на Пав­ле Тра­ја­нов или за „цен­три­стич­ки­от“ ДОМ на Ли­ле По­пов­ска, но за СДСМ не­кол­ку ил­ја­ди на про­тест се по­ве­ќе од де­бакл. На­стра­на вра­бо­те­ни­те во Со­ро­со­ви­те фи­ли­ја­ли, во праз­ник, без дожд и со авто­бу­си од це­ла Ма­ке­до­ни­ја. Што ста­на со скоп­ја­ни­те? Ај што не со­бра на­род, но и тие што ги „дов­ле­че“ за­ра­бо­ти­ја и „злат­на ма­лин­ка“ за глу­ма. Тре­ба­ше да глу­мат гра­ѓа­ни, а и од дро­нот на ТВ „Но­ва“ од се гле­да­ше де­ка се за­кол­на­ти „ко­му­ња­ри“. Ед­но­став­но и ло­гич­но, но на са­мо­за­мис­ле­ни­те че­да со си­на крв не им ле­жи да би­дат обич­ни гра­ѓа­ни. Ич. Под чест им е. Ете, за­тоа беа мал­ку, де­ка се из­бра­ни да вла­де­ат, а за тоа мал­ку­ми­на се ро­де­ни. Па во из­вр­те­на­та фор­ма на не­по­втор­ли­ви­от Га­не То­до­ров­ски, си­гур­но си се те­ше­ле: „Кол­ку сме, тол­ку сме, ама ко­му­ни­сти со си­на крв до­ста сме!“ Вр­ху­шка­та и нив­ни­те ју­риш­ни­ци, со­пар­тиј­ци­те ги на­ре­ку­ва­ат „гра­ѓа­ни“ од со­се­ма дру­ги, исто та­ка, ели­ти­стич­ки по­бу­ди. За нив, са­мо нив­ни­те со­ци­јал­де­мо­кра­ти се „гра­ѓа­ни“, дру­ги­те се се­ла­ни, сто­ка, не­ми­е­ни… Не за­луд­но ли­де­рот За­ев из­ја­ви: „Мар­ши­ра­ме за вра­ќа­ње на др­жа­ва­та во ра­це­те на гра­ѓа­ни­те!“

 

Бедната содржина ја засени уште победниот број

Во ме­ѓу­вре­ме нај­доа куп при­чи­ни за фи­ја­ско­то. Ста­ри, из­ве­тве­ни при­ка­ски де­ка вла­ста ги при­ти­ска­ла ад­ми­ни­стра­тив­ци­те да не одат, де проб­лем би­ло ло­шо­то вре­ме, иа­ко по­ве­ро­јат­но има­ло до­бра тур­ска се­ри­ја во тер­ми­нот. Ба­та­ле­те го бро­јот, за со­др­жи­на­та и за по­ра­ки­те што про­из­ле­гоа од „мар­шот“ и тие не­кол­ку ил­ја­ди пар­тиј­ци беа мно­гу. Тоа бе­ше и глав­ни­от проб­лем на про­те­стот, пред­во­ден од пу­чи­сти­те За­ев и Ве­ру­шев­ски. Одг­ла­сот од по­ра­ки­те го не­ма­ше, по­ра­ди тоа што го­вор­ни­ци­те и не се по­ма­чи­ле мно­гу. Или не­маа што да ка­жат? По­ве­ро­јат­но, тол­ку ги би­ду­ва. Ед­но те исто, ка­ко ну­ме­ра­та на Рам­бо Ама­де­ус, не сме­ни­ле ни­ту за­пир­ка во го­во­ри­те од пен­зи­о­ни­ра­на­та Ша­ре­на „ре­во­лу­ци­ја“. Мо­же­би, пак, игра­ат на кар­та­та де­ка по­во­ру­ва­ње­то е мај­ка на зна­е­ње­то, ка­ко при­ка­ска­та со ре­жи­мот, за­тво­рот, од­го­вор­но­ста. Мо­же­би repetitio est mater studiorum па­ли кај нив­но­то членс­тво, но за дру­ги­те, на чи­и­што гла­со­ви ти­пу­ва­ат, праз­ни­те збо­ро­ви оти­доа во ве­тер, па уште иста­та ве­чер ни­кој не мо­же­ше да се се­ти на ка­ква и да е по­ен­та од го­во­ри­те. Да, oосвен де­ка ќе по­бе­де­ле, не­што што и та­ка си­те го сме­та­ат за до­бар виц, на­стра­на стар це­ли 10 го­ди­ни…

 

Насмеаните пучисти во офанзива

И пак се ви­де де­ка За­ев не мо­же да би­де Бран­ко. Не­го­ви­от мен­тор и гу­ру, без проб­лем, на пос­лед­ни­от ва­ков со­бир со­бра три­па­ти по­ве­ќе пар­тиј­ци. Но, За­ев, се­пак, ус­пеа да го за­се­ни. Со еден, единс­твен по­тег. Сто­ри не­што што ни БЦ не би мо­жел. Та­ка нас­ме­ан од уво до уво, За­ев без срам и пер­де за­ста­на ра­мо до ра­мо со со­ра­бот­ни­кот и име­њак Ве­ру­шев­ски и та­ка Зо­ра­ни­те го изо­деа мар­шот. Ли­дер на пар­ти­ја и „веч­ни­от“ прис­лу­шу­вач Ве­ру­шев­ски. Да, ова бе­ше мар­шот на пу­чи­сти­те. Пр­во­об­ви­не­ти­от и че­твр­то­об­ви­не­ти­от во ме­гаафе­ра­та „Пуч“ се нај­доа еден до друг и мар­ши­раа про­тив про­тив­ни­кот, ко­го ток­му ова вре­ме пред три го­ди­ни без­ус­пеш­но го уце­ну­ваа за власт со об­ја­ву­ва­ње не­за­кон­ски здо­би­е­ни прис­лу­шу­ва­ни ма­те­ри­ја­ли. Пр­во­об­ви­не­ти­от ги „на­ба­ви“, че­твр­то­об­ви­не­ти­от ги зло­у­по­тре­би, но, за нив­на жал, „бом­би­те“ се по­ка­жаа ка­ко пе­тар­ди.

Ар­но ама, де­неш­на­та нас­ме­вка на ли­ца­та не бе­ше по­ра­ди уве­ре­но­ста де­ка ќе по­бе­дат на из­бо­ри. Нај­среќ­ни беа пред СЈО, изра­зу­вај­ќи ја дла­бо­ка­та бла­го­дар­ност кон ча­до­рот и Ка­ти­ца Ја­не­ва за­тоа што ги зе­де под свое и ги спа­си. Па ете та­ка сло­бод­ни, бла­го­да­ре­ние на неа, мо­жеа и да се пок­ло­нат пред неј­зи­но­то све­ти­ли­ште. Таа и не знае зо­што е За­ев об­ви­нет во „Пуч“, за Ве­ру­шев­ски и да не пра­ви­ме му­а­бет, но тоа не е проб­лем – ка­ко што на­пра­ви на МТВ, ќе си про­чи­та. Е, мо­же­би, Ја­не­ва со­се­ма по­греш­но ја раз­бра­ла по­го­вор­ка­та „Глу­па­ви­от па­ме­ти, па­мет­ни­от за­пи­шу­ва“, но неј­зи­но­то име теж­нее да оста­не за­пи­ша­но со злат­ни бу­кви во ход­ни­кот на СДСМ. За За­ев и за Ве­ру­шев­ски таа одам­на е све­ти­ца. Из­не­на­ди са­мо еден мо­мент, Ве­ру­шев­ски не се ка­чи на сце­на и не одр­жа го­вор?! Ве­ро­јат­но, та­ка ре­кол „ча­до­рот“…

analiza215-2

Љулета го „зезна” Заев, или беше Агим?

„Гра­ѓа­ни­те по­ка­жаа, гла­сот по­бе­ду­ва! За пра­ви­чен жи­вот на Љу­ле­та, на Са­ња, на Ире­на во Ма­ке­до­ни­ја. За до­сто­инс­твен жи­вот на Ва­ско во Ма­ке­до­ни­ја”.

Со овие збо­ро­ви поч­на обра­ќа­ње­то на За­ев. И со­се­ма слу­чај­но, по­ве­ден од стра­вот од по­раз на из­бо­ри, Зо­ран по­втор­но се транс­фор­ми­ра­ше во Агим. Проб­ле­мот е што Агим и Зо­ран зна­чат по­че­ток на де­нот, а ли­де­рот е на крај на ка­ри­е­ра­та, но из­бо­рот на ими­ња­та во не­го­ви­от те­а­тра­лен го­вор ка­жа сѐ. Пр­во и ос­нов­но, иа­ко па­те­тич­но ло­шо и де­мек по­ет­ски скло­пе­но (нај­ве­ро­јат­но од Ва­сиљ) За­ев ѝ се обра­ти на Љу­ле­та, а про­дол­жи со Са­ња, Ире­на, Ва­ско… Дод­во­ру­ва­ње вид­ли­во од ави­он, исто ка­ко и на­ци­о­на­ли­стич­ки­от де­кор со ал­бан­ски­те зна­ми­ња, кои ста­наа си­но­ним за про­те­сти­те на СДСМ, ка­де и да се. Исто­вре­ме­но, из­ја­ви­те на пар­тиј­ци­те по­ка­жаа де­ка За­ев се­ри­оз­но ра­бо­тел на пер­е­ње мо­зо­ци. Огро­мен дел од пра­ша­ни­те се сог­ла­су­ва­ат со ли­де­ро­ва­та нај­а­ва за дво­ја­зич­ност на го­ле­ма вра­та во Ма­ке­до­ни­ја. Ште­та што единс­тве­на го­ле­ма преч­ка за ова се из­бо­ри­те и што мо­ра­ат да по­бе­дат за да се оби­дат да го ос­тва­рат на­у­ме­но­то. Мо­же­би ќе ги осве­сти од­ѕи­вот на пар­тиј­ци­те од Ки­че­во и од Стру­га? По­ра­ди оро­то со Ал­бан­ци­те и ли­це­мер­ни­от па­зар и игра­ње­то со на­ци­о­нал­ни­те ин­те­ре­си, ден­та СДСМ не ус­пеа да на­пол­ни ни по еден авто­бус од овие гра­до­ви, кои сѐ уште ги ле­ку­ва­ат луз­ни­те од те­ри­то­ри­јал­на­та по­дел­ба на Буч­ков­ски. Шла­ка­ни­ца дој­де и од дру­ги­те гра­до­ви, осо­бе­но од Ве­лес, ка­де што оста­наа мно­гу праз­ни авто­бу­си. Да, по­ра­ди флер­тот со Љу­ле­та, не дој­доа Са­ња, Ире­на и Ва­ско. А Љу­ле­та и на­та­му по­ли­тич­ки ќе си ги ми­лу­ва Али или Мен­дух…

 

Две фијаска во низа за отрезнување

Уште пред тро­га­тел­на­та прес-кон­фе­рен­ци­ја на За­ев и „гра­ѓан­ски­те“ акти­ви­сти, кои и на­та­му ја на­вре­ду­ва­ат ин­те­ли­ген­ци­ја­та на на­ро­дот, ли­де­рот, на „Тел­ма“, си нај­а­ви де­ка не­ма да се отка­жат од про­те­сти. Ре­че­но-сто­ре­но. Са­мо еден ден по фе­но­ме­нал­но­то ин­терв­ју, тој го спро­ве­де ка­жа­но­то и нај­а­ви ни по­мал­ку ни по­ве­ќе, ту­ку марш за сло­бо­да. Ар­но ама, ни по ед­на не­де­ла нај­а­ви ни­кој не го раз­бра се­ри­оз­но, а мал­ку­ми­на дој­доа да го ви­дат ка­ко со Ве­ру­шев­ски мар­ши­ра за сло­бо­да. Фрак­ци­и­те во пар­ти­ја­та, очиг­лед­но, му го свр­теа гр­бот. Ба­ди­ја­ла Цр­вен­ков­ски се по­ја­ви на Кон­гре­сот, иа­ко ни­е­тот му бе­ше да ја спа­си пар­ти­ја­та, а не спа­си­те­лот. Ду­ри и Ивор Миц­ков­ски про­ко­мен­ти­ра де­ка тес­на оли­гар­хи­ја ги во­ди гра­ѓа­ни­те во про­паст и до­да­де: „Че­стит 11 Октом­ври Ма­ке­до­ни­јо, и по­на­та­му мар­ши­раш кон сопс­тве­на­та про­паст“.

Не им се по­го­ди ни де­нот. Пр­во, пра­те­ни­ци­те во ПССЕ со убед­ли­ва раз­ли­ка го изг­ла­саа Јо­ван Или­ев­ски за су­ди­ја во Страз­бур, кон­тра опо­зи­ци­ски воз­љу­бе­на­та На­та­ша Га­бер-Дам­ја­нов­ска, за што Нај­чев­ска ги об­ви­ни „ре­жим­ски“ на­стро­е­ни­те Евро­пеј­ци, за вед­наш по­тоа мла­да­та фуд­бал­ска се­лек­ци­ја со исто­ри­ски ус­пех да се пла­си­ра на Европ­ско­то пр­венс­тво во Пол­ска. А на СДСМ ѝ пре­чат уба­ви ве­сти што но­сат ра­дост за на­ци­ја­та, осо­бе­но ко­га тие се во жа­лост, втор­пат по ред. Во рок од две не­де­ли, две фи­ја­ска го по­тре­соа СДСМ. Пр­ви­от про­тест на ша­ре­ни­те за под­др­шка на СЈО бе­ше чи­ста утка, со број­ки мно­гу по­ма­ли и од мар­шот за сло­бо­да на пу­чи­сти­те. И то­гаш авто­бу­си­те ста­пи­ја на сце­на, но не по­мог­наа во ре­ин­кар­на­ци­ја­та и во кон­ста­та­ци­ја­та на кли­нич­ка смрт на Ша­ре­на­та „ре­во­лу­ци­ја“. И со сто­ти­на­та авто­бу­си за мар­шот, СДСМ не из­ле­зе од кал­та. Ги об­ви­ну­ва­ат ли вра­бо­те­ни­те од ПОЦ на Жер­нов­ски де­ка не ле­пе­ле до­вол­но пла­ка­ти за рек­ла­ма и ќе одат ли на „тре­та мај­ка“ или им дој­де умот? По­ве­ро­јат­но, ќе одат…

 

МАРШ! Ама за СДСМ…

Ка­ко и се­ко­гаш, иа­ко не са­кај­ќи, од СДСМ ја по­го­ди­ја по­ен­та­та. Да, тие ор­га­ни­зи­раа марш. И го до­би­ја. До­би­ја јас­но „марш!“ од гра­ѓа­ни­те со кои на­си­ла се ки­тат. По­се­те­но­ста и бед­на­та ат­мо­сфе­ра по­ка­жаа што мис­лат ви­стин­ски­те гра­ѓа­ни за по­ли­ти­ка­та на пар­ти­ја­та, а не тие пар­тиј­ци ло­шо ма­ски­ра­ни во нив. Јас­но и нед­вос­мис­ле­но, гра­ѓа­ни­те им го ка­жаа сво­јот став за дво­ја­зич­но­ста, фе­де­ра­ли­за­ци­ја­та, ре­ван­шиз­мот што се нај­а­ву­ва, не­кол­ку­го­диш­на­та на­мет­на­та кри­за и ред дру­ги глу­по­сти со кои СДСМ го обре­ме­ни се­којд­не­ви­е­то на Ма­ке­до­не­цот. Го по­го­ди­ја и мо­то­то „Бор­ба­та про­дол­жу­ва, гла­сот по­бе­ду­ва“. Со­се­ма точ­но и до­бро про­мис­ле­но. Нив­на­та бор­ба за вра­ќа­ње на власт про­дол­жу­ва, тоа е си­гур­но, и тие не­ма да се отка­жат од тоа ни по по­ра­зот на 11 де­кем­ври. Дру­ги­от дел од мо­то­то е уште по­то­чен. Со­се­ма пре­циз­но си ка­жаа. Да, гла­сот и де­фи­ни­тив­но ќе по­бе­ди, тој се­ко­гаш по­бе­ду­ва, но и овој пат не за нив, а вр­ху­шка­та мно­гу до­бро го знае овој факт. Бол­на, таж­на ви­сти­на…

Пишува: Љупчо Цветановски
(Текст објавен во 215. број на неделникот „Република“, 14.10.2016)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top