| четврток, 6 декември 2018 |

Триесет и пет уметници го насликаа новиот мурал во МКЦ

Вечерва во Младинскиот културен центар ќе се одржи настанот по повод новиот мурал на фасадата на МКЦ.
Темата на муралот е „индоктринација“ или: методите и последиците на вбризгувањето идеологија и доктрина во сферата на културата, образованието, религијата, политиката, медиумите, претприемаштвото, земјоделството…
На оваа тема ќе одговорат 35 уметници, кои преку портрет ќе ги прикажат своите размислувања и својот уникатен уметнички израз.
Музичкиот дел ќе го отвори Васко Атанасоски со свој нов музички проект. Потоа ќе настапат ПОКЛОН, LEITMOTIF и SPEWN.
Автори на муралот се: Иван Ивановски; Јана Јакимовска; Игор Тошевски; Атанас Ботев; Никола Радуловиќ; Милан Андов; Филип Велковски; Ана Јовановска; Сања Симоска; Бранкица Јордановска; Владимир Лукаш; Сали Ертунч; Зорица Зафировска; Перо Кованцалиев; Инес Ефремова, Ненад Тонкин; Горан Дачев; Маја Кировска; Миле Ничевски; Кристина Божурска; Марија Сотировска; Ване Костуранов; Марко Јанев; Шкипе Мехмети; Филип Јовановски; Анастасија Величковска; Љубиша Камењаров; Никола Анѓеловски; Иван Галовски; Крунислав Стојановски; Вук Митевски; Горан Менков; Мирослав Стојановиќ – Шуки; Ели Чочова; и Ѓорѓе Јовановиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top