Највисоката зграда на светот Бурџ Калифа во Дубаи синоќа беше осветлена во розова боја во знак на поддршка на лицата заболени од рак на дојка.
Целта е подигање на свеста за важноста на прегледите на дојка и опасноста од оваа болест.
Посетителите на оваа зграда висока 823 метри се замолени да дојдат во розова облека за да им пружат поддршка на заболените. Направени се и посебни чоколади кои биле продавани во кафулињата кои се на врвот на зградата, кои се наоѓаат на 148. кат.
Чоколадите чинеле 25 евроценти, а собраните пари се донирани на фондацијата „Ал Јалилиа“ која им помоага на заболените од рак на дојка при лекувањето.
Ракот на дојка е најчест вид рак кај жените во светот и по рак на белите дробови е втора најчеста причина за смрт.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.