| четврток, 6 декември 2018 |

Поддршка за заболените од рак на дојка: Бурџ Калифа обоена во розово

Највисоката зграда на светот Бурџ Калифа во Дубаи синоќа беше осветлена во розова боја во знак на поддршка на лицата заболени од рак на дојка.

Целта е подигање на свеста за важноста на прегледите на дојка и опасноста од оваа болест.

Посетителите на оваа зграда висока 823 метри се замолени да дојдат во розова облека за да им пружат поддршка на заболените. Направени се и посебни чоколади кои биле продавани во кафулињата кои се на врвот на зградата, кои се наоѓаат на 148. кат.

Чоколадите чинеле 25 евроценти, а собраните пари се донирани на фондацијата „Ал Јалилиа“ која им помоага на заболените од рак на дојка при лекувањето.

Ракот на дојка е најчест вид рак кај жените во светот и по рак на белите дробови е втора најчеста причина за смрт.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top