| четврток, 6 декември 2018 |

Ристовски: Иселувањето е тенденција во сите источноевропски држави

spiro ristovski

Иселувањето од матичните држави е тенденција во сите источноевропски држави, но тоа не треба да нѐ теши, вели министерот за труд, Спиро Ристовски, за податоците што ги објави Евростат за ТВ „ Алфа“ . Според Европската служба за статистика, од 1998 до 2011 година од земјава се иселиле 230 илјади граѓани кои имаат трајно регулиран статус во странство. Тоа, според Еуростат, е околу 10 проценти од вкупното население во Македонија. 

Според Ристовски, овој период бил особено тежок за балканскиот регион, не само на економски план. Ги спомена конфликтите на Косово и во Македонија во 2001 година.  
Портпаролот на Владата, Ѓеоргиев, смета дека поради глобализацијата, емиграцијата е поинтензивна и подинамична во последните години. Тој се согласува со Ристовски дека власта од 2006 година прави максимални напори за подобрување на состојбата, со цел во земјава да се задржат, пред сѐ, младите луѓе.
Според Еуростат, најголем број од иселениците живеат во Италија, Германија, Австрија и во Словенија. А во периодот од 2002 до 2008 година, според Европската служба за статистика, 5 илјади граѓани од Македонија добиле пасош во друга земја.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top