Издавачката куќа „Табернакул“ од Скопје и издавачките куќи Dituria од Тирана и L’Associazione Agenzia Arcipelago од Италија се добитници на грант од програмата на ЕУ „Креативна Европа“.
Тројцата партнери направија нацрт на овој проект, што од една страна се базираше на исполнување на целта: транснационална мобилност, зголемување на публиката и дигитализација, со цел да им се помогне на уметниците (авторите и илустраторите) и нивните дела да циркулираат интернационално, да се зајакнат и да се допре до нова публика и нови пазари и, од друга страна, да му се помогне на младиот читател да го открие задоволството што го причинуваат читањето и литературата. Врз основа на голем број искуства, љубовта кон читањето е поважна за успехот на децата на училиште отколку кој било друг фактор, меѓу кои и семејниот и социјалниот статус.
Тројцата партнери се убедени дека литературата претставува моќно оружје за иднината на децата, дека им дава одлични можности во животот, дека децата се „читатели од иднината “, во секоја смисла.
- Ако од децата направите читатели и ги едуцирате, ќе си обезбедите возрасен читател во иднина.
- И покрај кризата со која денес се соочува издавачкиот сектор, бројките од продажбата и читањето се особено надежни за младата популација.
Предвидено е проектот да трае 20 месеци и освен што ќе опфати истражување во врска со читателските навики на децата во основното образование, ќе се состои и од натпревари во пишување, изложби и средби со познати писатели за деца од земјите учеснички во проектот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.