| четврток, 6 декември 2018 |

На сириско-турската граница: Најмалку 20 загинати при експлозија

Најмалку 20 лица, главно сириски бунтовници, загинаа денеска при експлозија на автомобил-бомба во близина на граничниот премин Баб ал Салама на границата на Сирија кон Турција.

Според бунтовнички извори, при нападот се повредени десет лица, кои се пренесени во болница. 

Бомбата експлодирала во близина на контролниот пункт на борци на бунтовничката група Џабхат ал Шами, која е дел од Слободната сириска армија.

Низ преминот Баб ал Салама, во чијашто близина е извршен нападот, е главната врска меѓу деловите во северна Сирија под контрола на буновниците и Турција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top