| четврток, 6 декември 2018 |

Гасифицирани „ГУЦ“ и „Георги Димитров“

Средните училишта „Здравко Цветковски“ и „Георги Димитров“ во Скопје ќе ги намалат за половина годишните трошоци за греење, најави градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски, кој денеска со министерот за образование и за наука Панче Кралев ги пушти новите гасни системи за загревање во двете училишта.

Со инвестиција на градот Скопје од околу 6,5 милиони денари, двете училишта добија котли за парно греење на природен гас,

Како што рече Трајановски, тие ќе ги намалат трошоците за парно греење во училиштата за околу 50 проценти. Училиштето „Георги Димитров“ годишно за парно греење плаќало околу 4,5 милиони денари, а во „ГУЦ“ досегашните сметки биле околу шест милиони денари годишно.

До крајот на годинава, како што најавија Трајановски и Кралев, ќе бидат гасифицирани средните училишта „Зеф Љуш Марку“ и „Арсениј Јовков“, чијашто местоположба е поблиску до гасоводната мрежа во градот.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top