Ова што го прави опозицијата е по диктат на меѓународната заедница, тие се нивни играчи, нивни вазали, јас би рекол трабанти – тоа е подобар збор за нив, истакна вечерва уметникот и политички аналитичар Александар Станковски при гостувањето во емисијата „Аргументи“ на Љубиша Николовски на „ТВ Нова“.
– Опозицијата нема никаква своја идеја ниту политичка визија, они ветуваат приказни, но тоа се истите лаги кои долго време функционираат. Нема програма, нема сериозна работата со народот, нема прифаќање од народот, народот ги гледа како кодоши и предавници. Опозицијата си направи лош имиџ со таа игра по музиката на странците – смета уметникот Станковски.
Во однос на прашањето дали ќе има избори, Станковски смета дека ќе има бидејќи така сака меѓународниот фактор.
– Избори верувам дека ќе има затоа што меѓународниот фактор сака да има. Тие не сакаат да има нестабилна ситуација тука на Балканот, затоа што се спрема можен голем конфликт помеѓу Истокот и Западот – рече Станковски додавајќи дека не верува дека ќе има реваншизам кога ќе победи ВМРО-ДПМНЕ.
„Услови за избори има, ќе има ли избори?“ е темата на вечерашната емисија „Аргументи“ на Љубиша Николовски. Гости во студио се политичките аналитичари Ристо Никовски и Александар Станковски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Град Скопје повика на дебата за изградбата на гасоводот на Водно, запрена е изградбата
-
Тридневна дебата, книжевна вечер, музика во Даут Пашин-амам
-
Утре во ДПМ: „Епохата на естетскиот плурализам“ – трибина посветена на академик Милан Ѓурчинов
-
Вечерва на „Букстар“ дебата за жанровската литература и ноќ посветена на Милчо Манчевски