Млекорпоизводителите од Делчево и Македонска Каменица од денеска ќе можат да поднесуваат барања за субвенционирање на произведеното и продаденото млеко во периодот од 1 мај до 30 септември.
Блаже Костадиновски, раководител на подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во Делчево истакна дека во регионот на Делчево и Македонска Каменица околу 230 млекорпоизводители ја користат оваа можност што ја дава државата.
– Интересот кај млекопроизводителите е голем, а очекуваме и на овој повик да се движи во исти рамки. Повикот се однесува на сите млекопроизводители, а од потребните документи треба да донесат лична карта, трансакциска сметка, број на одгледувалишта и белешки за млеко. Цената за субвенционирање е по 3,5 денари за 1 литар продадено млеко, исстакна Костадиновски.
Тој ги повика млекопроизводителите за сите потребни информации да се јават во Подрачната единица при МЗШВ ПЕ Делчево. Пријавувањето ќе трае до 5 ноември 2016 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.