Генералното собрание на ОН го назначи денеска поранешниот португалски премиер, Антонио Гутереш за деветти генерален секретар на Организацијата со мандат од пет години почнувајќи од 1 јануари 2017 година.
Гутереш (67) ќе го замени досегашниот генерален секретар, 72-годишниот Јужнокореец Бан Кимун кој остана на таа функција во два мандата. Гутереш беше премиер на Португалија во периодот 1995-2002, а од 2005 до 2015 година беше врховен комесар на ОН за бегалци.
Резолуцијата за неговото официјално назначување за следен генерален секретар беше прифатена од ГС со акламација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Нобеловата награда за мир ќе остане во рацете на Аунг Сан Си Чи, нема да и се одземе и покрај извештајот на ОН
-
ОН повика да се поднесуваат пријави за кршење на човековите права во Македонија
-
Советот за безбедност при ОН усвои резолуција за 30-дневно примирје во Сирија
-
Вонредна седница на Советот за безбедност на ОН за Ерусалим