| четврток, 6 декември 2018 |

Триесет години играле на крив терен – Казна за тимот кој начесто даваше голови од корнер

teren

Аргентински клуб кој се натпреварува во петтата лига на оваа земја доби ултиматум од националната Федерација правилно да ги исцрта линиите на теренот или му се заканува казна и можна дисквалификација.

Линијерс, фудбалски клуб од градот Виљегас, кој се наоѓа во близина на метрополата Буенос Аирес, од 1987 година игра на терен на кој линиите се исцртани трапезоидно, а не правоаголно. Неправилноста е откриена кога од Аргентинската фудбалска федерација (АФА) ги виделе снимките на Google Earth, вчудоневидени од изгледот на теренот тие поставиле ултиматум до клубот: „Имате три месеци теренот да го обележите на вистински начин, во спротивно ќе го згаснеме клубот“.

Интересно од клубот рекле дека тие отсекогаш знаеле дека теренот е трапез, а не правоаголник и дека истото го знаеле и противничките тимови, но никој никогаш не се пожалил.

– Теренот секогаш бил посебен, па ние на речиси секој натпревар постигнувавме голови директно од корнер. Јас секогаш останував по тренинзите и вежбав изведување на корнери, во кариерата сум постигнал преку 10 гола дирекнто од корнер, изјавил поранешен играч на Линијерс.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top