| четврток, 6 декември 2018 |

Додека зборуваше на говорница: Пратеничка од Исланд го доеше бебето

Пратеничката во исландскиот парламент Унур Бра Конрадсдотир излезе на говорница и додека држеше говор го доеше своето едномесечно бебе.

Настанот, кој  беше пренесуван преку телевизијата, таа го нарече „најприродна работа на светот“.

Пратеничката од десноориентираната Партија за независност во врска со настанот изјави дека тоа воопшто не му пречело на бебето.

– Напротив, ќе му пречеше ако претстанев да ја хранам додека зборував – изјави таа, инаку мајка на три деца.

Исландските медиуми коментираа дека ова се случило првпат во нивната земја, која инаку во светот е позната и како прва држава каде е избрана жена за претседател, Вигдис Финбогадотир, во 1980 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top