Пратеничката во исландскиот парламент Унур Бра Конрадсдотир излезе на говорница и додека држеше говор го доеше своето едномесечно бебе.
Настанот, кој беше пренесуван преку телевизијата, таа го нарече „најприродна работа на светот“.
Пратеничката од десноориентираната Партија за независност во врска со настанот изјави дека тоа воопшто не му пречело на бебето.
– Напротив, ќе му пречеше ако претстанев да ја хранам додека зборував – изјави таа, инаку мајка на три деца.
Исландските медиуми коментираа дека ова се случило првпат во нивната земја, која инаку во светот е позната и како прва држава каде е избрана жена за претседател, Вигдис Финбогадотир, во 1980 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Што говореше за Уставот пред да се предомисли предавничката Александрова и да ги гласа измените? (видео)
-
Кафулињата и рестораните да станат пријатели на доењето
-
Светска недела на доењето: Многу често мајките при најмал проблем се откажуваат од доењето
-
Нема потреба од царски рез без причина: СЗО има нови препораки за родилките