| четврток, 6 декември 2018 |

Лесно како песна, Ѓорческа протрча до четврт-финалето во Санта Маргерита ди Пула

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа продолжи да игра по победнички ноти на турнирот во Санта Маргерита ди Пула во Италија, кој се игра на земјена подлога за награден фонд од 25.000 американски долари.

Таа денеска во својот прв настап обезбеди четврт-финале во поединечна конкуренција откако за еден час и 14 минути ја доби Анастасија Грималска од Италија. Првиот сет го доби многу полесно со 6-2, додека пак во вториот имаше поголема борба во која како победник излезе Македонката (6-4), која воедно е трета носителка на овој ИТФ фјучерс.

Следен ривал на тетовката ќе биде шестата носителка, Романката Ирина Марија Бара.

Денеска најквалитетната македонска тенисерка ја очекува уште еден меч, полуфинале во двојки во кој со Анастасија Комардина ќе им се спротистават на Кристијана Ферандо (Италија) и Вивиен Јухазова (Словачка).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top