Грантови од 10.000 евра денеска добија 6 новоотворени приватни детски градинки. Со оваа помош од државата се очекува да се зголемат капацитетите за згрижување на деца од претшколска возраст и да се зголеми бројот на вработувања на квалификуван кадар во детските градинки. Проектот предвидува грантови да добијат уште 4 приватни детски градинки со што бројот ќе се заокружи на 10.
Заменик-министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, истакна дека еден од приоритетите на Владата на Р. Македонија е зголемувањето на бројот на детските градинки,како на државни така и на приватни, со што ќе се реши деценискиот проблем на згрижување на деца од предучилишна возраст и сведување на нула на листите на чекање.
-Со новоотворените приватни градинки ќе се зголеми капацитетот за згрижување на деца за околу 260 места и ќе отворат 40 нови работни места -рече Спасов.
Грант за основање приватна детска градинка е мерка која првпат се воведува од оваа година.
Спасов посочи дека и досега се реализирале низа мерки со кои им се им давала поддршка на приватните инвеститори за отворање на детски градинки.
-За зголемувањето на бројот на приватни детски градинки кои што сакаме да го постигнеме, во изминатиот период реализиравме пакет на мерки како што се: почетна цена на градежно неизградено земјиште од 1 евро метар квадратен, намелени комунални давачки за изградба на детски градинки за 95%, можностите да се користат мерките за вработување, искористување на проектот „Македонија вработува 2“ , како и поволни кредитни линии преку Македонска банка за поддршка на развојот, рече Спасов.
Директорот на АВРМ Влатко Поповски истакна дека наскоро ќе биде распишан конкурсот и за доделување и на преостанатите 4 грантови, за сите оние кои досега не успеале да аплицираат, со што ќе се заокружи бројката од 100.000 евра за поддршка на приватни детски градинки.
-Основата на овој грант е доделување за вработување на 4 лица со 10.000 евра. Ќе може да се користат и бенефициите од проектот „Македонија вработува 2“ и во наредните 5 години ќе бидат ослободени од придонеси што ќе биде дополнителен стимул за развивање на самиот бизнис, рече Поповски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Спасов: Предвидени се голем број проекти за подобрување на животниот стандард на граѓаните
-
СДСМ и Ременски немаат никаков кредибилитет да говорат за пензионерите
-
Никој во земјава не се чувствува безбедно: Чаушите во СДСМ организираа криминално–полициска местенка и медиумски линч на Диме Спасов
-
Дебело досие и дебели лаги: Криминалецот Динарица во одбрана на Спасовски