Музичарот Родерик Дејвид Стјуарт (71) вчера ја доби титулата сер во Бакингамската палата за неговите придонеси во музичката индустрија и пошироко.
Стјуарт беше почестен титулата да му ја врачи принцот Вилијам. Музичарот на свеченоста пристигна со сопругата Пени и со двајцата синови – Аластер и Ејден.
-Посакував и мајка ми да е сега тука и да го види ова. Ѝ благодарам на кралицата Елизабета Втора за честа што ми ја укажа и на целото кралско семејство – изјави Род за „Би-Би-Си“.
Инаку, за оваа свеченост, музичарот се потруди да го испочитува дрес кодот, како што и вети во јуни годинава, кога беше и соопштено дека ќе биде одликуван.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.