| четврток, 6 декември 2018 |

Во новиот број на неделникот „Република“ ќе читате

Во новиот број на неделникот „Република“, кој е во продажба од утре (13.10.2016 година), ќе читате:

naslovna_republika_br215_520px

„Планот за Македонија“ на Заев и на Верушевски

Сојуз за распарчување на Македонија

По две­го­диш­на тај­на вр­ска, За­ев и Ве­ру­шев­ски јав­но го про­мо­ви­раа со­ју­зот за рас­пад на Ма­ке­до­ни­ја па­ра­ди­рај­ќи ра­ка под ра­ка по скоп­ски­те ули­ци. Пу­чи­сти­те, кои под­го­тву­ваа гра­ѓан­ска вој­на, ме­сто зад ре­ше­тки, де­нес сло­бод­но се ше­та­ат низ цен­та­рот на Скоп­је ка­ко на кор­зо ужи­вај­ќи во де­бе­ла­та сен­ка на ча­до­ри­те. И не са­мо што се на сло­бо­да, ту­ку про­дол­жу­ва­ат да си по­и­гру­ва­ат со чув­ства­та на ма­ке­дон­ски­те гра­ѓа­ни прет­ста­ву­вај­ќи се ка­ко „на­род­ни хе­рои“. Но, ме­сто „ос­ло­бо­ди­те­ли“ зад кои че­ко­ри вој­ска од на­род, гра­ѓа­ни­те во нив пре­поз­наа лаж­ни па­три­о­ти и пре­дав­ни­ци во друш­тво на шпи­о­ни, кри­ми­нал­ци, ис­лам­ски ра­ди­ка­ли, Со­ро­со­ви пла­те­ни­ци и на по­ли­тич­ки мр­тов­ци. Се­пак, во ма­са­та има­ше и мал дел пар­ти­ски вој­ни­ци со ис­пран мо­зок, кои беа со­од­вет­но од­де­ле­ни од „ели­та­та“ со там­пон-зо­на. Кол­ку да се знае ка­де им е ме­сто­то! 


Еле­на Го­ше­ва, пре­тсе­да­тел­ка на Уста­вен суд

До крај ќе ги шти­там Уста­вот и на­ци­о­нал­ни­те ин­те­ре­си

Има­вте сре­ќа или не­сре­ќа да го по­ми­не­те ман­да­тот во ед­ни бур­ни вре­ми­ња ко­га др­жа­ва­та и Уста­вот се на удар од раз­ни до­маш­ни и стран­ски цен­три на моќ. Ко­га би го зна­е­ле тоа пред да ста­пи­те на функ­ци­ја­та, да­ли по­втор­но би се на­фа­ти­ле да го во­ди­те су­дот?

Имај­ќи ја пред­вид ре­ал­но­ста што ни се слу­чу­ва во др­жа­ва­та, лич­но сме­там де­ка до­кол­ку не при­фа­тев или се пов­ле­чев од вр­ше­ње­то на функ­ци­ја­та, тоа би би­ло охра­бру­ва­ње на де­стру­ктив­ни­те стра­сти на тие што ве­ќе по­долг пер­и­од се оби­ду­ва­ат да ги ур­нат устав­ни­те га­ран­ции на сло­бо­ди­те и пра­ва­та и те­мел­ни­те вред­но­сти на устав­ни­от по­ре­док во Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја, а тоа, на­вод­но, го пра­ват во име на де­мо­кра­ти­ја­та, но тоа не е ви­сти­на и, всуш­ност, е да­ле­ку од де­мо­кра­ти­ја­та ко­ја не е цел за нив, ту­ку, на­про­тив, се ра­бо­ти за бор­ба за по­ли­тич­ка прев­ласт. Јас, и по­крај сѐ што ви­дов, до­жи­ве­ав и по­ми­нав ка­ко пре­тсе­да­тел­ка на Су­дот, во ни­е­ден мо­мент не по­мис­лив де­ка згре­шив што ја при­фа­тив функ­ци­ја­та. Во те­кот на мо­е­то ра­бо­те­ње имав под­др­шка од дел од пер­со­на­лот во Су­дот, су­ди­ски и ад­ми­ни­стра­ти­вен, пр­венс­тве­но од ге­не­рал­на­та се­кре­тар­ка, г-ѓа Оли­ве­ра Фи­ли­пов­ска, ко­ја е од ре­дот на по­во­зрас­на­та ге­не­ра­ци­ја прав­ни­ци со опе­ра­ти­вен стру­чен ка­па­ци­тет и го­ле­мо про­фе­си­о­нал­но искус­тво, за што сум бла­го­дар­на, а на­ши­те ман­да­ти во вр­ше­ње­то на функ­ци­и­те вре­мен­ски се сов­пад­наа.
Искре­но, не мо­жам да не ука­жам на тоа де­ка ор­ке­стри­ра­но­то по­ли­тич­ко дејс­тву­ва­ње, кое е ин­тен­зи­ви­ра­но во пос­лед­ни­те не­кол­ку го­ди­ни, но­си еле­мен­ти на не­ги­ра­ње  ге­не­рал­но на си­те ин­сти­ту­ции во др­жа­ва­та, вклу­чи­тел­но и на Устав­ни­от суд, па овој ам­би­ент обо­ен со по­ли­ти­ка се оби­ду­ва­ат да вле­зе и ме­ѓу су­ди­и­те и ад­ми­ни­стра­ци­ја­та, вна­тре во Су­дот, но јас, сѐ до­де­ка сум дел од не­го, ќе се бо­рам за до­ми­на­ци­ја на устав­но­то пра­во, вр­ше­ње на устав­ни­те над­леж­но­сти, за­шти­та на устав­но га­ран­ти­ра­ни­те на­ци­о­нал­ни ин­те­ре­си, а не пар­ти­ско-по­ли­тич­ки ам­би­ции на над­во­реш­ни и вна­треш­ни еле­мен­ти во др­жа­ва­та или во Су­дот, вели претседателката на Уставниот суд Елена Гошева во интервју за Република.


Двојазичноста возвраќа: Агим Заев казнет за флертот со Љулета?

Mар­шот на пу­чи­сти­те

Со де­це­нии ѝ го пра­ват тоа на др­жа­ва­та, а се­га го зло­у­по­тре­би­ја и на­род­но­то во­ста­ние од НОБ. Нор­мал­но, дек­ла­ри­ра­ни­те нас­лед­ни­ци на Ко­му­ни­стич­ка­та пар­ти­ја,  освен се­ди­ште­то на пар­ти­ја­та, во нас­ледс­тво до­би­ја и ло­ша на­ви­ка, ко­ја ед­на де­це­ни­ја е са­мо жел­ба за вла­де­е­ње. Се­га со Со­рос го ос­квер­на­ви­ја и 11 Oктом­ври, но за­луд­но. По пра­ви­ло, и та­ка вле­ту­ва­ат од ед­на во дру­га ло­ша про­це­на, чин што ста­на пар­ти­ска на­ви­ка и кла­си­ка. Гр­да за­вис­ност, не­што слич­но ка­ко бе­га­ње­то од из­бо­ри. Та­ка, ме­сто си­ла, СДСМ по­втор­но јав­но де­мон­стри­ра­ше ред сла­бо­сти. Ора­тор­ски, актер­ски, кван­ти­та­тив­ни, ан­ти­на­ци­о­нал­ни, ор­га­ни­за­ци­ски, пу­чи­стич­ки итн…


Што се во­ве­ду­ва: Ба­лан­си­ра­ност или цен­зу­ра?

Дре­си­ра­ње на ме­ди­у­ми­те

Зар се­то ова се­га, со ра­бо­та­та око­лу ме­ди­у­ми­те, од глу­по­ста на­ре­че­на ба­лан­си­ра­но про­пор­ци­о­нал­но из­ве­сту­ва­ње за пар­ти­и­те, до за­шти­та­та на Ја­не­ва, по­тсе­ту­ва на пер­и­о­дот од 2001 го­ди­на и на при­ти­со­кот за про­пор­ци­о­нал­ни­от од­го­вор од во­о­ру­же­ни­те си­ли кон те­ро­ри­сти­те. И то­гаш пр­во се ба­ра­ше про­пор­ци­о­на­лен од­го­вор од др­жав­ни­те си­ли про­тив те­ро­ри­стич­ки­те гру­пи; па сле­ду­ва­ше сме­на на тер­ми­ни­те, те­ро­ри­сти­те ста­наа бор­ци, за на­ско­ро да би­дат до­об­јас­не­ти ка­ко  бор­ци за чо­ве­ко­ви пра­ва. Се­то тоа за­вр­ши та­ка што и по 15 го­ди­ни, офи­ци­јал­но, ни­кој не спо­ме­ну­ва што, всуш­ност, ѝ се слу­чи на Ма­ке­до­ни­ја таа го­ди­на и се­то тоа се ста­ва во рам­ка­та „конф­ли­ктот во 2001 го­ди­на“. Не се спо­ме­ну­ва, но се па­ме­ти де­ка чич­ко Сем во пер­и­о­дот што сле­ду­ва­ше по­тоа те­ро­ри­сти­те/ бор­ци ги пре­об­ле­че уште ед­наш, во по­ли­ти­ча­ри и бла­го­да­ре­ние на СДСМ им од­вои до­пол­ни­тел­ни те­ри­то­рии во Стру­шко и во Ки­чев­ско за по­пол­ну­ва­ње на ве­ќе ис­цр­та­на­та ал­бан­ска те­ри­то­ри­ја. Не­кои пра­ша­ња, ка­ко што по­ра­чу­ваа пре­ку кон­тро­ли­ра­ни­те ме­ди­у­ми, то­гаш не зас­лу­жу­ваа од­го­вор.


Колумна, Горан Момироски

Кој, всуш­ност, е во изо­ла­ци­ја?

Ед­на од глав­ни­те те­зи на ма­ке­донска­та опо­зи­ци­ја во оби­дот да прет­ста­ви де­ка вла­да­та на ВМРО-ДПМНЕ „са­мо што не е пад­на­та“ е ман­тра­та ко­ја поч­на во 2008 го­ди­на, а ко­ја ве­ли де­ка Гру­ев­ски и не­го­ва­та пар­ти­ја се во дла­бо­ка ме­ѓу­на­род­на изо­ла­ци­ја. И во вре­ме­то на Цр­вен­ков­ски и во вре­ме­то на За­ев мно­гу­ми­на пре­ку при­каз­ни­те за на­вод­на­та изо­ла­ци­ја са­каа да при­ка­жат де­ка све­тот, осо­бе­но Европ­ска­та уни­ја, ста­ви­ла крст на ВМРО-ДПМНЕ и пра­ша­ње на ден е ко­га пар­ти­ја­та ќе се рас­пад­не под при­ти­сок на стран­ски­от фа­ктор. Про­ста ана­ли­за на ре­ал­ни­те збид­ну­ва­ња ќе по­ка­же де­ка со оваа те­за, всуш­ност, се по­кри­ва це­лос­но­то ут­ну­ва­ње на опо­зи­ци­ја­та во над­во­реш­на­та по­ли­ти­ка.


Колумна, Никола Србов

Го­ле­ма Ал­ба­ни­ја и Тро­јан­ски­от коњ

Пре­тсе­да­те­лот на СДСМ, Зо­ран За­ев, кој има по­ло­ша уло­га и од Тро­јан­ски коњ, во сво­е­то дод­во­ру­ва­ње кон Ал­бан­ци­те ја ста­ва на рас­про­даж­ба це­ла те­ри­то­ри­ја на Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја. Ал­ба­не­цот што са­ка да учи му­зич­ко, ка­ко што ве­ли За­ев, мо­же да го ос­тва­ри тоа пра­во во сре­ди­ни ка­де што по­ве­ќе од 25 про­цен­ти од на­се­ле­ни­е­то се Ал­бан­ци, тоа го до­бив­ме од Рам­ков­ни­от до­го­вор, при­тоа не се освр­ну­ва на фа­ктот де­ка во тие сре­ди­ни Ма­ке­до­не­цот на­и­ду­ва на оп­струк­ции да се обра­ќа во ад­ми­ни­стра­тив­ни­те уста­но­ви на ма­ке­дон­ски ја­зик. Зо­ран За­ев це­леј­ќи на ал­бан­ски­те гла­со­ви ја рас­ту­ри по­ло­ви­на пар­ти­ја што ја ра­ко­во­ди, не­го­ви­от за­мис­лен кон­цепт за гра­ѓан­ски пар­тии во овој мо­мент не е воз­мо­жен по ни­ту еден па­ра­ме­тар, но што зна­ат ра­ди­кал­ни ле­ви­ча­ри што е со­зре­ва­ње и искус­тво, тие сме­та­ат де­ка сѐ поч­ну­ва од нив и со са­мо­то тоа одат во про­паст ка­де што ја вле­чат и др­жа­ва­та.

При по­дел­ба­та на Ма­ке­до­ни­ја во 1913 го­ди­на по­вод, те­мел и оправ­да­ност на таа по­дел­ба со­се­ди­те на­о­ѓаа кај дел од Ма­ке­дон­ци­те, кои ре­ши­ле да ста­нат Ср­би, од­нос­но Бу­га­ри и Гр­ци. Де­нес по­ли­ти­ка­та што ја спро­ве­ду­ва СДСМ ги прет­ста­ву­ва те­ме­лот и оправ­да­но­ста за ид­на­та фе­де­ра­ли­за­ци­ја на Ма­ке­до­ни­ја.


Колумна, Ацо Станковски

Ба­ро­ки­за­ци­ја

Ба­ро­ки­за­ци­ја е ед­на од не­до­вет­ни­те из­мис­ли­ци на со­вре­ме­на­та из­гу­бе­на, и ин­те­ле­кту­ал­но, и мо­рал­но, и то­тал­но про­пад­на­та ма­ке­дон­ска опо­зи­ци­ја. Со овој тер­мин – „ба­ро­ки­за­ци­ја“ – ин­те­ле­кту­ал­ни­те тра­бан­ти, сме­сте­ни во лу­кра­тив­ни­те стру­кту­ри на раз­но­раз­ни­те пла­те­нич­ки аген­ту­ри, кои под пла­штот на НВО- комп­ле­ксот се нам­но­жи­ја ка­ко га­дин­ки во гна­сен и за­пу­штен про­стор на нив­на­та иде­о­по­ли­тич­ка авто­но­ми­ја, осво­е­на со под­мол­ни, кри­ми­нал­ни стра­те­гии и, се­ка­ко, со па­ри­те до­би­е­ни ка­ко пла­та за нив­на­та суб­вер­зив­на и пре­дав­нич­ка ра­бо­та про­тив сопс­тве­на­та др­жа­ва и на­род, зна­чи, со овој под­бив­нич­ки не­о­ло­ги­зам, вте­ру­ва­чи­те на не­о­ли­ба­ри­ли­стич­ка­та ти­ра­ни­ја во све­тот и кај нас го опи­шу­ва­ат ре­тро­град­ни­от и ана­хрон при­стап во ар­хи­те­кту­ра­та, со кој е во­об­ли­чен ве­ќе епо­хал­но кон­тро­верз­ни­от про­ект, „Скоп­је 2014“. За овие не­при­јат­ни и не­у­ки, но крај­но агре­сив­ни фи­гу­ри, из­ле­зе­ни од кал­та на опо­зи­ци­ска­та гол­го­та, „ба­ро­ки­за­ци­ја“ оз­на­чу­ва не­што без­вред­но во естет­ска смис­ла, кич, не­а­кту­ел­ност и за­ста­ре­ност.


Фељ­тон: Цр­ни­те стра­ни­ци на УД­БА

Том II – Ин­форм­би­ро

За­пис­ни­ци, из­ве­штаи, служ­бе­ни бе­ле­шки, ин­фор­ма­ции, сво­е­рач­ни из­ја­ви, ка­ра­кте­ри­сти­ки, ре­ше­ни­ја… со­др­жат до­си­е­ја­та на 11 Ма­ке­дон­ци, не­и­сто­мис­ле­ни­ци по ли­ни­ја на Со­вет­ски­от Со­јуз (ин­форм­би­ров­ци), кои за­вр­ши­ле на Го­ли Оток, во Хр­ват­ска, по­ра­ди нив­но­то по­и­на­кво раз­мис­лу­ва­ње од то­гаш­на­та власт и по­ра­ди нив­но­то ин­си­сти­ра­ње да не се за­бо­ра­ви на Ма­ке­дон­ци­те од Пи­рин­ска Ма­ке­до­ни­ја и од Егеј­ска Ма­ке­до­ни­ја. Гол­го­ти­те на Але­ксан­дар Але­кси­јев, Бог­дан Бо­жи­нов­ски, Бо­го­ја Фо­тев, Жи­вко Браш­на­ров, Ду­шан Ми­хај­лов­ски,  Ѓор­ѓи Же­жов, Ри­сто Ја­на­ки­ев­ски, Јон­че Фо­тев, Јор­дан Ла­зрев­ски, Кр­сто Би­тов­ски и Ла­зо Со­ко­лов се опи­ша­ни на 1036 стра­ни­ци во вто­ри­от том од еди­ци­ја­та „Цр­ни­те стра­ни­ци на УДБА“, нас­ло­вен ка­ко „Ин­форм­би­ро“, ка­де што пре­ку до­ку­мен­ти и све­дош­тва е прет­ста­вен пер­и­о­дот во кој е по­тис­ну­ва­на ка­ква би­ло мис­ла што е не­нак­ло­не­та на но­менк­ла­ту­ра­та на власт, но и на­чи­нот на кој би­ле тре­ти­ра­ни овие лу­ѓе. Во мно­гу до­ку­мен­ти, се за­бе­ле­жу­ва жел­ба­та да се афир­ми­ра ма­ке­дон­ско­то пра­ша­ње во це­лост, но и да се по­ве­де сме­тка за по­ли­ти­ка­та на Ју­гос­ла­ви­ја кон овие со­сед­ни зем­ји.


Двоглед

СДСМ на из­бо­ри со цр­на на­ме­сто си­на бо­ја од жал за не­о­др­жа­ни­те из­бо­ри во април и во ју­ни

СДСМ нај­а­ви де­ка на из­бо­ри­те во де­кем­ври ќе ги про­ме­ни бо­и­те под кои ќе на­ста­пу­ва. Жол­та­та ѕвез­да на­ме­сто на си­на бо­ја ќе се нај­де на цр­на зад­ни­на со што ќе се сим­бо­ли­зи­ра дла­бо­ка­та жал на пар­ти­ја­та од не­о­др­жа­ни­те из­бо­ри во април и во ју­ни.

По­крај овој но­ви­тет, ка­ко што ве­лат во пар­ти­ја­та, со цел уште по­ве­ќе да се наг­ла­си дла­бо­ки­от тра­ор во СДСМ по­ра­ди бег­ство­то на вла­ста од из­бо­ри во април и во ју­ни, на­ме­сто цр­ве­на­та ру­жа, на сре­ди­на на ѕвез­да­та ќе има цр­ве­на сол­за.
*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.

 

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top