Во новиот број на неделникот „Република“, кој е во продажба од утре (13.10.2016 година), ќе читате:
„Планот за Македонија“ на Заев и на Верушевски
Сојуз за распарчување на Македонија
По двегодишна тајна врска, Заев и Верушевски јавно го промовираа сојузот за распад на Македонија парадирајќи рака под рака по скопските улици. Пучистите, кои подготвуваа граѓанска војна, место зад решетки, денес слободно се шетаат низ центарот на Скопје како на корзо уживајќи во дебелата сенка на чадорите. И не само што се на слобода, туку продолжуваат да си поигруваат со чувствата на македонските граѓани претставувајќи се како „народни херои“. Но, место „ослободители“ зад кои чекори војска од народ, граѓаните во нив препознаа лажни патриоти и предавници во друштво на шпиони, криминалци, исламски радикали, Соросови платеници и на политички мртовци. Сепак, во масата имаше и мал дел партиски војници со испран мозок, кои беа соодветно одделени од „елитата“ со тампон-зона. Колку да се знае каде им е местото!
Елена Гошева, претседателка на Уставен суд
До крај ќе ги штитам Уставот и националните интереси
Имавте среќа или несреќа да го поминете мандатот во едни бурни времиња кога државата и Уставот се на удар од разни домашни и странски центри на моќ. Кога би го знаеле тоа пред да стапите на функцијата, дали повторно би се нафатиле да го водите судот?
Имајќи ја предвид реалноста што ни се случува во државата, лично сметам дека доколку не прифатев или се повлечев од вршењето на функцијата, тоа би било охрабрување на деструктивните страсти на тие што веќе подолг период се обидуваат да ги урнат уставните гаранции на слободите и правата и темелните вредности на уставниот поредок во Република Македонија, а тоа, наводно, го прават во име на демократијата, но тоа не е вистина и, всушност, е далеку од демократијата која не е цел за нив, туку, напротив, се работи за борба за политичка превласт. Јас, и покрај сѐ што видов, доживеав и поминав како претседателка на Судот, во ниеден момент не помислив дека згрешив што ја прифатив функцијата. Во текот на моето работење имав поддршка од дел од персоналот во Судот, судиски и административен, првенствено од генералната секретарка, г-ѓа Оливера Филиповска, која е од редот на повозрасната генерација правници со оперативен стручен капацитет и големо професионално искуство, за што сум благодарна, а нашите мандати во вршењето на функциите временски се совпаднаа.
Искрено, не можам да не укажам на тоа дека оркестрираното политичко дејствување, кое е интензивирано во последните неколку години, носи елементи на негирање генерално на сите институции во државата, вклучително и на Уставниот суд, па овој амбиент обоен со политика се обидуваат да влезе и меѓу судиите и администрацијата, внатре во Судот, но јас, сѐ додека сум дел од него, ќе се борам за доминација на уставното право, вршење на уставните надлежности, заштита на уставно гарантираните национални интереси, а не партиско-политички амбиции на надворешни и внатрешни елементи во државата или во Судот, вели претседателката на Уставниот суд Елена Гошева во интервју за Република.
Двојазичноста возвраќа: Агим Заев казнет за флертот со Љулета?
Mаршот на пучистите
Со децении ѝ го прават тоа на државата, а сега го злоупотребија и народното востание од НОБ. Нормално, декларираните наследници на Комунистичката партија, освен седиштето на партијата, во наследство добија и лоша навика, која една деценија е само желба за владеење. Сега со Сорос го осквернавија и 11 Oктомври, но залудно. По правило, и така влетуваат од една во друга лоша процена, чин што стана партиска навика и класика. Грда зависност, нешто слично како бегањето од избори. Така, место сила, СДСМ повторно јавно демонстрираше ред слабости. Ораторски, актерски, квантитативни, антинационални, организациски, пучистички итн…
Што се воведува: Балансираност или цензура?
Дресирање на медиумите
Зар сето ова сега, со работата околу медиумите, од глупоста наречена балансирано пропорционално известување за партиите, до заштитата на Јанева, потсетува на периодот од 2001 година и на притисокот за пропорционалниот одговор од вооружените сили кон терористите. И тогаш прво се бараше пропорционален одговор од државните сили против терористичките групи; па следуваше смена на термините, терористите станаа борци, за наскоро да бидат дообјаснети како борци за човекови права. Сето тоа заврши така што и по 15 години, официјално, никој не споменува што, всушност, ѝ се случи на Македонија таа година и сето тоа се става во рамката „конфликтот во 2001 година“. Не се споменува, но се памети дека чичко Сем во периодот што следуваше потоа терористите/ борци ги преоблече уште еднаш, во политичари и благодарение на СДСМ им одвои дополнителни територии во Струшко и во Кичевско за пополнување на веќе исцртаната албанска територија. Некои прашања, како што порачуваа преку контролираните медиуми, тогаш не заслужуваа одговор.
Колумна, Горан Момироски
Кој, всушност, е во изолација?
Една од главните тези на македонската опозиција во обидот да претстави дека владата на ВМРО-ДПМНЕ „само што не е падната“ е мантрата која почна во 2008 година, а која вели дека Груевски и неговата партија се во длабока меѓународна изолација. И во времето на Црвенковски и во времето на Заев многумина преку приказните за наводната изолација сакаа да прикажат дека светот, особено Европската унија, ставила крст на ВМРО-ДПМНЕ и прашање на ден е кога партијата ќе се распадне под притисок на странскиот фактор. Проста анализа на реалните збиднувања ќе покаже дека со оваа теза, всушност, се покрива целосното утнување на опозицијата во надворешната политика.
Колумна, Никола Србов
Голема Албанија и Тројанскиот коњ
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, кој има полоша улога и од Тројански коњ, во своето додворување кон Албанците ја става на распродажба цела територија на Република Македонија. Албанецот што сака да учи музичко, како што вели Заев, може да го оствари тоа право во средини каде што повеќе од 25 проценти од населението се Албанци, тоа го добивме од Рамковниот договор, притоа не се осврнува на фактот дека во тие средини Македонецот наидува на опструкции да се обраќа во административните установи на македонски јазик. Зоран Заев целејќи на албанските гласови ја растури половина партија што ја раководи, неговиот замислен концепт за граѓански партии во овој момент не е возможен по ниту еден параметар, но што знаат радикални левичари што е созревање и искуство, тие сметаат дека сѐ почнува од нив и со самото тоа одат во пропаст каде што ја влечат и државата.
При поделбата на Македонија во 1913 година повод, темел и оправданост на таа поделба соседите наоѓаа кај дел од Македонците, кои решиле да станат Срби, односно Бугари и Грци. Денес политиката што ја спроведува СДСМ ги претставува темелот и оправданоста за идната федерализација на Македонија.
Колумна, Ацо Станковски
Барокизација
Барокизација е една од недоветните измислици на современата изгубена, и интелектуално, и морално, и тотално пропадната македонска опозиција. Со овој термин – „барокизација“ – интелектуалните трабанти, сместени во лукративните структури на разноразните платенички агентури, кои под плаштот на НВО- комплексот се намножија како гадинки во гнасен и запуштен простор на нивната идеополитичка автономија, освоена со подмолни, криминални стратегии и, секако, со парите добиени како плата за нивната субверзивна и предавничка работа против сопствената држава и народ, значи, со овој подбивнички неологизам, втерувачите на неолибарилистичката тиранија во светот и кај нас го опишуваат ретроградниот и анахрон пристап во архитектурата, со кој е вообличен веќе епохално контроверзниот проект, „Скопје 2014“. За овие непријатни и неуки, но крајно агресивни фигури, излезени од калта на опозициската голгота, „барокизација“ означува нешто безвредно во естетска смисла, кич, неактуелност и застареност.
Фељтон: Црните страници на УДБА
Том II – Информбиро
Записници, извештаи, службени белешки, информации, своерачни изјави, карактеристики, решенија… содржат досиејата на 11 Македонци, неистомисленици по линија на Советскиот Сојуз (информбировци), кои завршиле на Голи Оток, во Хрватска, поради нивното поинакво размислување од тогашната власт и поради нивното инсистирање да не се заборави на Македонците од Пиринска Македонија и од Егејска Македонија. Голготите на Александар Алексијев, Богдан Божиновски, Богоја Фотев, Живко Брашнаров, Душан Михајловски, Ѓорѓи Жежов, Ристо Јанакиевски, Јонче Фотев, Јордан Лазревски, Крсто Битовски и Лазо Соколов се опишани на 1036 страници во вториот том од едицијата „Црните страници на УДБА“, насловен како „Информбиро“, каде што преку документи и сведоштва е претставен периодот во кој е потиснувана каква било мисла што е ненаклонета на номенклатурата на власт, но и начинот на кој биле третирани овие луѓе. Во многу документи, се забележува желбата да се афирмира македонското прашање во целост, но и да се поведе сметка за политиката на Југославија кон овие соседни земји.
Двоглед
СДСМ на избори со црна наместо сина боја од жал за неодржаните избори во април и во јуни
СДСМ најави дека на изборите во декември ќе ги промени боите под кои ќе настапува. Жолтата ѕвезда наместо на сина боја ќе се најде на црна заднина со што ќе се симболизира длабоката жал на партијата од неодржаните избори во април и во јуни.
Покрај овој новитет, како што велат во партијата, со цел уште повеќе да се нагласи длабокиот траор во СДСМ поради бегството на власта од избори во април и во јуни, наместо црвената ружа, на средина на ѕвездата ќе има црвена солза.
*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст